На ден пред големиот празник на Рождеството Христово, над 120 дечиња од Охрид учествуваа во Бадниковата литија, која во 09.00 часот започна од храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид. Дечињата-бадникари пеејќи ја песната Вечниот Бог и носејќи ја импровизираната пештера,  го навестија раѓањето на Спасителот, Кој дојде во овој свет за повторно да го соедини човекот со Бога и да го врати првобитното достоинство на човечкиот род. Свечената литија продолжи на градскиот плоштад, каде беше дочекана од заменик градоначалникот на град Охрид, г-дин Ангел Јанев, како и од други советници на градскиот совет. Литијата заврши во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, каде свештениците на сите учесници им поделија пригодни Божикни подароци. 

Asics shoes | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177

Повеќе...

„Преподобен Науме, светлината на твоето учење болсна во земјата Македонска, затоа, како и небото, си ја проповедал славата Господова, светлејќи и самиот ти појасно од Сонцето. Поради тоа си привел кон Христа Бога мноштво Македонци, кои од срце поверуваа. Сега и нив спомни ги, имајќи смелост пред Господа“ (Литиска стихира на преподобен Наум Охридски).

На 05.01.2014 година, во Неделата пред Рождеството Христово, посветена на светите Отци, го прославивме споменот на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец. Централното празнување се одржа во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, а започна ден претходно со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Славе Јованов, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Атанас Казанџиски и Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Nike Sneakers Store | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth

Повеќе...

„Мудри Клименте, кој Црквата ја просветли како сонце, во целата вселена испушташ зраци од чудеса, сесвештени отче, славо архиерејска“ (светилен на свети Климент Охридски).

Мудриот архиереј Климент, следејќи ги стапките на своите учители, словенските браќа Кирил и Методиј, ги просветлил словенските народи со зборови и чудеса. Неговите вечни дела: поучувањето на народот, упатувањето на свештениците во Словото Божјо, исцелувањето на болните, па дури и воскреснувањето на упокоените, ги задолжиле сите словенски народи вечно да го прославуваат, но и да ја бараат неговата помош и закрила. Живеејќи и делувајќи во нашите краишта, тој особено нè задолжил нас овде, во свештениот Охрид, но и во целата Македонија. Затоа и ние, неговите верни чеда, секогаш достојно го прославуваме, постојано благодарејќи му, но и молејќи го неговото застапништво пред Престолот на Севишниот Бог.

Sportswear Design | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Повеќе...

На 10.11.2013 година, во 20 Недела по Педесетница и на празникот на светата мч-чка Параскева – Петка Икониска и на св. Димитриј Ростовски, во соборниот храм „Св. Никола“ во Куманово, беше интронизиран првиот Митрополит на новоформираната Кумановско-осоговска епархија, Неговото Високопреосвештенство г. Јосиф. На светата архиерејска Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите на Светиот Архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и повеќе свештенослужители. Откако секретарот на САС на МПЦ-ОА, Епископот Хераклејски г. Климент, ја прочита Одлуката за поставување на новиот Митрополит, Архиепископот Стефан го воведе Митрополитот Јосиф на архиерејскиот трон, од каде новиот пастир на оваа епархија го благослови сиот народ. Архиепископот Стефан се обрати кон новопоставениот Митрополит, порачувајќи му: „Луѓето не ги разликувај и не ги дели по ништо, освен по тоа колку Го носат Христа во себе, и колку живеат по заповедите и законите на верата православна. Имај разбирање за друговерните и, доколку зависи од тебе – живеј во мир и негувај потребна комуникација со нивните заедници.Биди кроток кон сите, поучлив и трпелив (2 Тим. 2, 24), учејќи ги на секоја премудрост(Колос. 1, 28). - Пазете на себе и на целото стадо, меѓу кое Духот Свети ве постави како епископи, за да ја пасете Црквата на Господа и Бога која ја придоби Он со својата крв (Дела 20, 28), порачува св. Апостол, зашто секој себеси се вградува во Црквата и делото на секого ќе стане јавно, ... и ако тоа остане – ќе добие награда (1 Кор. 3, 13-14).“ Своја пристапна беседа одржа и Митрополитот Јосиф, а двете беседи подолу ви ги пренесуваме во целост.

Nike shoes | Air Jordan XXX1 31 Colors, Release Dates, Photos , Gov

Повеќе...

На 03.11.2013 година, во 19 недела по Педесетница и на празникот на светиот Иларион Мегленски, во соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“ во Тетово, беше интронизиран првиот Митрополит на новоформираната Тетовско-гостиварска епархија. На светата архиерејска Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на сите членови на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и повеќе свештенослужители од нашата црква. По завршувањето на Литургијата, а откако секретарот на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, Епископот Климент, ја прочита Одлуката за поставување на новиот Митрополит г. Јосиф, Архиепископот Стефан го воведе во архиерејскиот трон, од каде новиот Митрополит го благослови целиот народ и вети дека неуморно ќе се труди, заборавајќи се себеси, секому да му помага: на едни со совет, на други со дело, а на трети со молитва. Архиепископот г.г. Стефан му го честита устоличувањето на новиот Митрополит, и одржа пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

spy offers | Best Custom Jordans of All Time - Fashion Inspiration and Discovery

Повеќе...
Страница 209 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2