На 15.09.2013 година, во Дванаесеттата недела по Педесетница и на празникот на св. маченик Мамант и светиот Јован Посник, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Атанас Казанџиски и Никола Христоски, изврши осветување и го постави камен темелникот на новиот храм, посветен на преподобната маченичка Параскева Римјанка (св. Петка) во населбата Лагадин во Охрид. Храмот се гради по иницијатива на иницијативниот одбор, чии членови се: Димитар Петрески, Петар Кормушкоски, Тодор Стојчески, Зоран Димитровски и Томо Писески, кој е и проектант на храмот.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ОТСЕКУВАЊЕ НА ЧЕСНАТА ГЛАВА НА СВ, ЈОВАН КРСТИТЕЛ

„Откако се собравме, верни, да го прославиме посредникот меѓу законот и благодатта, оти тој ни проповедаше покајание, смело и јавно го укори Ирода, и главата му беше отсечена. И сега, живеејќи со ангелите, се моли на Христа да се спасиме“ (седален на Утрена на Отсекување на чесната глава на св. Јован).
Сè што се случува во овој, од Бога создаден свет, се случува според Неговата премудрост и промисла. И отсекувањето на чесната глава на светиот пророк, Претеча и Крстител Јован се случи според Божјото допуштение, зашто оној кој Го предвестеше Спасителот на земјата, ете денеска слегува и во адот, да им го благовести спасението и на оние, кои одамна Го чекаа Месијата. Прославата на овој голем ден, во манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“ започна на 10.09.2013 година со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф, во сослужение на архимандрит Партениј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј, Макариј и Еразмо, свештеникот Никола Христоски, протоѓаконите Саше Ристов и Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Илија Поп Гонов и Васко Голабоски. На Вечерната богослужба присуствуваа и Нивните Високопреосвештенства Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ
„Премудри отче Јоакиме, гробот на твоите мошти Господ го покажа како извор на чудеса и река на дарови, бидејќи на слепите им се дарува прогледување, на лепрозните – очистување, а оние што се држени од нечисти духови, ги избавува од нивното владеење и ги прави непорочни“ (стиховна стихира на Вечерна на св. Јоаким Осоговски).
На 29.08.2013 година го прославивме споменот на Неракотворниот лик на Господ Исус Христос, како и на големиот подвижник, светиот Јоаким Осоговски. Во чест на овие два големи празника, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое се задржа на подвигот на светиот Јоаким, кој го понел својот крст и благиот Христов јарем. Неговиот пример треба да биде наш постојан инспиратор, за да можеме и ние, како светиот Јоаким, да најдеме мир за нашите души.
Nike footwear | spike shoes nike running shoe size chart boys
УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
„Сечесниот хор на премудрите апостоли, на чудесен начин се собра да го погребе твоето славно и пречисто тело, Богородице сепеана. Со нив пееја и мноштво ангели, славејќи го твоето чесно преселување, кое ние со вера го празнуваме“ (прв седален на Утрена на Успение на Пресвета Богородица).
Верниот христијански народ секојдневно ја прославува неуморната во молитвите Богородица, која за сите кои ја повикуваат е сигурна надеж во посредувањето. Денеска, пак, на 28.08.2013 година, неизброен народ се собра да го прослави нејзиното преминување во вечните одаи на рајот, од каде таа сите нè гледа и топло се застапува пред нејзиниот Син и нашиот Бог. Во чест на нејзиното Успение, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Сашо Ристески, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Откако мнозина верни ги крунисаа посните денови со учество во светиот Путир, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа во чест на Мајката Божја, која интегрално ви ја пренесуваме.
Authentic Nike Sneakers | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177
ОСВЕТУВАЊЕ НА ХРАМ „ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО“
На 19.08.2013 година, денот кога го празнуваме светото Преображение Христово, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Марко Трпковски, Никола Христоски и Саше Костадиноски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новиот храм, изграден во чест на Преображението Христово, а лоциран во прекрасните високи предели во Поречието, во месноста наречена Фојник, на тромеѓата меѓу селата Требовле, Брест и Косово. Ктитори на храмот се Александар и Војче Стојановски со семејството, по потекло од с. Требовле, а со место на живеење во Скопје. По осветувањето на храмот, беше отслужена света архиерејска Литургија, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
affiliate tracking url | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News