„Со дрвото Адам беше иселен од рајот, и со крсното дрво разбојникот во рајот се всели: првиот, кога вкуси, ја отфрли заповедта на Творецот; вториот, пак, распнат со Тебе, Те призна за Бог, викајќи: Спомни ме, Господи, во Царството Твое“ (стихира на Блажени на Утрена на Велики Петок).

Во светиот и Велик Четврток вечер, кога ја пееме Утрената служба од Велики Петок, ги славиме спасителните страдања на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Со затемнети очи од гревот, не Го познаа Месијата, оние, за кои Он се понижи и дојде во овој свет, па Го предадоа, Го мачеа, Го плукаа, а на крај, и на крст Го распнаа. Христовите страданија ни ги пренесоа четворицата евангелисти, низ дванаесетте страдални евангелија, кои се читаа на светата богослужба. На овој ден, 02.05.2013 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј богослужеше во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, во сослужение на протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереј Темелко Донески, свештеник Петре Бојчиноски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски.

Sports brands | UOMO, SCARPE

Повеќе...

„Јагнето што го навести пророк Исаија, оди на доброволно колење, и дозволува да биде биено по плеќите и образите; без да го свртува лицето од плуканиците, на срамна смрт се осудува: и Он, безгрешниот, доброволно прима сè, за да им дарува на сите воскресение од мртвите“ (стихира на хвалитни на Утрена на Велики Четврток).

Во овој свет и Велик Четврток го празнуваме  споменот на повеќе настани од Христовиот живот, а кои му претходеле на страдањето и смртта на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Особено важно е празнувањето на споменот на Тајната Вечера, на која Христос ја востановува светата тајна Евхаристија (причест), која, пак, за оние што учествуваат во неа и се причестуваат со светото Тело и Крв Христови, значи соединување со Него и спасение на душите и телата. Зашто и светите отци рекле: „Она што е соединето со Бога, спасено е“.

На овој голем ден, на 02.05.2013 година, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, според Уставот на светата Црква, беше извршен и чинот на Маслосвет, а Митрополитот Тимотеј ги причести верните чеда и им подели нафора. 

jordan release date | Sneakers

Повеќе...

„Скапоценото миро блудницата го измеша со солзите и го излеа врз пречистите нозе Твои, целивајќи ги: неа веднаш си ја оправдал, а нам прошка дарувај ни, Ти, Кој за нас пострада, и спаси нè“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од Велика среда).

Во светата и Велика среда од Страсната седмица го прославуваме споменот на жената блудница, која Го помаза Исуса Спасителот, и на тој начин, Го подготви Христа за Неговото погребение. Овој ден го прославивме на 01.05.2013 година, со света архиерејска Литургија на Претходноосветените дарови, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештениците Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Митрополитот Тимотеј ги причести верниците кои пристапија кон светиот Путир, и се обрати кон верното стадо со пригодно слово, во кое повика на покајание и одвраќање од гревовите, а за достојно прославување на Воскреснатиот Христос.

short url link | balerínky

Повеќе...

„Со гранки, умно и духовно очистени, верно да Го восфалиме Христа како децата, гласно пеејќи Му на Господа: Благословен си, Спасителу, Кој дојде во светот, за да го спасиш Адама од древната клетва, духовно станувајќи Новиот Адам, Спасителу, Слово, Кој благоволи да создадеш сè премудро, слава Ти“ (седален на Цветници).

На 28.04.2013 година, денот кога го прославуваме Христовото влегување во Ерусалим (Цветници), во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереите Стевчо Тошевски и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Александар Матески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Пред започнувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели врбови гранчиња на мноштвото верни, кои како децата од Ерусалим, дојдоа во храмот да го пречекаат Спасителот на светот, Кој доаѓа на страдање и распнување, но и на Воскресение. Речиси сите верници пристапија кон светата Причест, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон нив со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest jordan Sneakers | Womens Shoes Footwear & Shoes Online

Повеќе...

„Кога со посниот подвиг ги заузда сите телесни нагони, ја покажа храброста и цврстината на твојата душа; сакајќи да го видиш крстот Господен, самата себе се распна за светот, сечесна. Оттука и желбата твоја да живееш живот ангелски, себлажена. Моли Го Христа Бога да им дарува прошка на гревовите на оние што со љубов го слават твојот свет спомен“ (седален на преподобна Марија Египетска).

Светата Црква во Петтата недела од Великиот пост го прославува споменот на преподобната Марија Египетска, чиј подвиг останува врежан во црковните записи како еден од најголемите подвизи и жртвувања од љубов кон Бога. Во оваа Петта недела, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Игор Никовски, свештеник Никола Христоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Митрополитот Тимотеј ги причести малите дечиња и им подели нафора на верните, а кон сите се обрати со зборовите:

Best jordan Sneakers | balerínky

Повеќе...
Страница 218 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2