На ден 23.11.2012 година, се изврши осветување на новиот крст на врвот од куполата на параклисот „Св. Серафим Саровски“ во манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“. Чинот на осветување го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф, архимандритот Партениј, игумен на Бигорската обител, еромонасите Доситеј, Макариј и Ефросиниј, свештеникот Никола Христоски и ѓаконот Васко Голабоски. На чинот присуствуваа мноштво верници, меѓу кои беше и дарителот на овој параклис, г. Роберт Хот. Светиот Серафим Саровски секогаш нека се моли за нашите души и нека биде наш застапник пред Бога. Амин.

Adidas shoes | 『アディダス』に分類された記事一覧

Повеќе...

„Архистратизи – водачи на духовните сили, кои ја осветлувате вселената со зраците на Трисолнечната слава, вие со непрестаен глас ја пеете Трисветата песна; затоа молете се, да се спасат душите наши“ (литиска стихира на Вечерна).

На ден 21.11.2012, кога го прославуваме свештениот спомен на Соборот на светиот Архистратиг Михаил и на другите бесплотни сили, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Тоди Јовани, свештеник Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им се обрати на верните со пригодно слово, а потоа беше прекршен празничниот колач.

Sports Shoes | Aimé Leon Dore x New Balance 550 'Red' — Ietp

Повеќе...

На 17.11.2012 година, денот кога го празнуваме свештениот спомен на светиот Јоаникиј Велики, беше осветен храмот „Св. Архангел Михаил“ во с. Могилец, Македонски Брод. Според Црковните канони, храмот беше осветен пред почетокот на светата Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Игор Никовски, свештениците Боге Богески, Марко Трпкоски и Саше Костадиноски и ѓаконот Васко Голабоски. Храмот е изграден уште во далечната 1919 година, а фрескоживописот, чиј автор е г. Гоце Милески од Македонски Брод, се завршил оваа година. Изградбата на храмот и негово завршување е по иницијатива и доброволни прилози на верниците од селото и пошироката околија, како и по заложбите на г. Стојанче Трпески и членовите на црковниот одбор: Љупче Синадиноски, Милисав Димоски, Анѓеле Веселиноски и Гоце Веселиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

affiliate tracking url | Women's Designer Sneakers - Luxury Shopping

Повеќе...

„Мудро испитан во воздржување, како злато во огнена печка, се покажа уште посветол, преподобен Прохоре. Затоа премина во Небесното царство. Поради ова, со вера славејќи те, викаме: Отче, испроси за нас благодат, милост и очистување на нашите гревови“ (седален после трета песна на Утрена на св. Прохор Пчински).

На 01.11.2012 година, денот кога го чествуваме празникот на преподобниот отец наш пустиножител Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ - Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски и свештениците Никола Христоски и Горан Ставрески. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните.

Sneakers Store | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Повеќе...

„Сè си отфрлила од овој сегашен, лажлив и краткотраен живот кој бргу минува, и пламенот на страсниот оган си го згаснала; со непрестајно умиление и прилежно молење си ги достигнала бесплотните чинови, и со отворено лице ја гледаш славата Божја. Него, преподобна Параскево, моли Го, да ги спаси и просветли душите наши“ (стихира на стиховни на Вечерна на преподобна Параскева).

На 27.10.2012 година, денот кога го прославуваме споменот на преподобната Параскева, големата испочничка и подвижничка, во манастирот „св. Петка“ во с. Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Кипријанов и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Кон многубројниот верен народ, кој има големо почитување кон преподобната Параскева, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sport media | New Balance 991 Footwear

Повеќе...
Страница 226 од 293

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5