„Ти се покажа како пророк и Претеча на Христа уште во утробата, Крстителу Јоване, играјќи и радувајќи се во утробата мајчинска, гледајќи ја Царицата како доаѓа при слугинката и Го носи Оној што беспочетно се раѓа од Отецот; при тебе, којшто засветли од неродна (жена) и старец, според ветувањето. Него моли Го, да ги помилува душите наши“ (стихира на Господи повикав на вечерна богослужба).

Asics footwear | Sneakers Nike

Повеќе...

„Светлите подвизи на твојот пречесен спомен, како големо сонце кое светли, ги просветува лицата на тие што те слават, бесовите, пак, и секоја болест, ги изгонува. Заради тоа, доаѓајќи со љубов, верно да го прославиме“ (кондак на св. Наум Охридски).

Споменот на свети Наум Охридски Чудотворец насекаде во Македонија, а особено во Охрид, во градот каде овој наш светител, просветител, црноризец, подвижник и чудотворец живеел и поучувал, секоја година е торжествено прославуван. И оваа година, во манастирот на Белото Езеро, којшто самиот тој го изгради со своите пречисти раце, со големи свечености го воспеавме свети Наума. Празнувањето започна на 02.07.2012 година со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, еромонасите Доситеј и Јосиф, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. На Вечерната присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој од владичкиот трон му вознесуваше молитви на светиот Охридски Чудотворец. По завршувањето на вечерната беше отпеано и петолебието, а Митрополитот Агатангел се обрати кон мноштвото верни со пригодно слово во кое ги повика сите луѓе да се вратат кон моралните норми, всадени од Господа во срцето на човекот. 

Adidas footwear | Air Jordan 4 - Collection - Sb-roscoff

Повеќе...

На ден 30.06.2012 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештеник Никола Христоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го изврши чинот на осветување на новиот хотел „Панорама“ во Охрид.

Authentic Sneakers | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

Повеќе...

„Ни глад, ниту беда, ни живот, ниту смрт, можат да те разделат од љубовта на твојот Владика, преславен, зашто не си го отфрлил стружењето на телото и запалениот оган, Еразмо, бидејќи роса од небото разладуваше околу тебе кога страдаше, давајќи ти венци за твоите маки“ (стиховна стихира од вечерна на св. Еразмо Охридски).

Св. Еразмо Охридски е навистина преславен и препрославен насекаде низ светот, како на Исток, така и на Запад. Но, неговиот култ е особено голем тука во Охрид, каде овој голем чудотворец обитавал, се подвизувал и поучувал. Затоа и прославувањето на неговиот спомен е навистина торжествено. Празнувањето започна со свечена вечерна богослужба во манастирот каде престојувал св. Еразмо. На богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештениците Кирил Јованоски, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Дека култот на св. Еразмо е многу голем, потврдија и многуте верници, кои неуморно чекаа во долги редици, само за да влезат и да се поклонат во храмот во кој светиот служел и се молел.

Sports News | Nike nike air max paris 1 patch 2017 , Sneakers , Ietp STORE

Повеќе...

„Како првини на природата, Засадителу на тварта, вселената Ти ги принесува, Господи, Твоите богоносни маченици. По нивните молитви, Многумилостиве, во длабок мир запази ја Црквата Твоја и народот Твој, преку Богородица“ (кондак на Недела на Сите Светии).

Во неделата после Педесетница го прославуваме споменот на Сите Светии, кои живееле по целиот свет. Сите овие светии се подвизавале заради Христос, а светата Црква ги празнува токму после слегувањето на Светиот Дух, за да покаже дека тие се осветени од Него и дека им е вратено поранешното ангелско достоинство.

Nike air jordan Sneakers | Mens Flynit Trainers

Повеќе...
Страница 232 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2