Почитувани православни верници,

По повод Славата и Празникот „Св. Ѓорѓи“ - Ѓурѓовден, соборниот храм „Св. Ѓорѓи“ -  Струга на ден 07.05.2012 година, (понеделник), ја организира традиционалната литија - ордија.

Богослужението започнува во 16 часот со свечен дочек на моштите на „св. Георгиј“ од истоимениот манастир во Рајчица, а во 17 часот започнува литија со носење на светите мошти и чудотворната икона на св. Ѓорѓи низ улиците на Струга.

Со светата богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, кој и ќе ја предводи свечената литија заедно со свештенсвото и монаштвото на Бигорската обител.

Од Канцеларијата на Дебарско-Кичевска Епархија

latest Running | Sneakers
Повеќе...

„Со љубопитната десница, Тома ги испита Твоите живодателни ребра, Христе Боже, кога си влегол низ заклучените врати, и со другите ученици викаше: Ти си мојот Господ и Бог“ (кондак на Томина недела).

На ден 22.04.2012 година, ја прославивме Неделата по Пасха, или уште позната како Томина недела, бидејќи го празнуваме и споменот на сведоштвото Томино за Воскресението Христово. На овој празник беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. Никола“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Сашо Ристески и Горан Ставрески и ѓаконот Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните.

buy shoes | balerínky

Повеќе...

На ден 20.04.2012 година, го прославивме споменот на обновувањето на храмот, кој се наоѓа над чудотворниот извор, посветен на Пресвета Богородица во Цариград, од чија вода многумина добиле исцеление. На овој ден, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше извршена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Ефтим Бетински, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Никола Христоски се обрати кон верните со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Running sport media | Nike Air Force 1'07 Essential blanche et or femme - Chaussures Baskets femme - Gov

Повеќе...

Христовото воскресение е радост за целиот свет и надеж за секој христијанин. Токму затоа, светата Црква не престанува да го опева, а особено во оваа светла седмица. На Светли Четврток, кој го прославивме на 19.04.2012 година, во храмот „Св. Јован Канео“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sportswear free shipping | off white nike blazer retail shoes Verona Multi-Color DJ5065-144 , Fitforhealth

Повеќе...

„Владико Човекољупче, во Твојата светлина ќе ја видиме Светлината, зашто си воскреснал од мртвите, на родот човечки дарувајќи му спасение, за да Те прославува сето создание, Тебе – единствениот безгрешен: помилуј нè“ (хвалитна стихира од Светли Вторник).

На 17.04.2012 година, на Трет ден Велигден, во храмот „Пресвета Богородица“ во Македонски Брод, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Игор Никовски, свештениците Марко Трпкоски, Саше Костадиноски, пензионираниот свештеник Боге Богески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните, а потоа, заедно со свештенството, се упати кон манастирот „Воскресение Христово“ во с. Могилец, Македонски Брод, каде беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач. Во преубавите предели на овој манастир беше поставена и свечена трпеза на љубовта, на која присуствуваше клирот и многубројниот верен народ. Нашиот Митрополит се обрати со поучно слово кон своето верно стадо и го поздрави со зборовите:

Христос воскресе!

Sports Shoes | シューズ

Повеќе...
Страница 234 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2