Ако првиот Адам беше непослушен и заради тоа ја „прими смртта како плата за гревот“, сега вториот Адам – Христос, се покорува  и се понизува, станува послушен и Оној преку Кого Бог сè создаде, сега на Крст се распнува. Безгрешниот ги зема гревовите на светот и се принесува како Јагне непорочно за светот.

Во светиот и Велики Четврток вечерта, кога всушност се пее утрената од Велики Петок, си спомнуваме за страшните и спасителни страдања на нашиот Спасител Господ Исус Христос, Кој претрпе тепање, плукање, шлаканици, крст и смрт заради нас грешните. На овој ден се изнесува и Распетието Христово, за целиот народ да му се поклони и да им оддаде почит на Неговите страдања, а се читаат и 12 Евангелија, во кои се опишува неговиот пат до Голгота.

Running Sneakers Store | New Balance 530 Til Kvinder, hvid - MR530SG

Повеќе...

„Да се доближиме сите со страв до тајната трпеза и со чисти души да го примиме лебот, останувајќи со Господа. Да видиме како им ги мие нозете на учениците, а и ние да направиме како што гледаме, покорувајќи се еден на друг, и еден на друг нозете миејќи ги, зашто Христос така им заповеда на Своите ученици, но Јуда – слугата и измамник, не слушна“ (икос на Велики Четврток).

Во светиот и Велик Четврток ги празнуваме: миењето на нозете, Тајната Вечера, свештената молитва и предавството Јудино. На овој ден е востановена светата Евхаристија, Тајната со која Црквата се идентификува, зашто сите што се причестуваат со Телото и Крвта Христови стануваат Негово Тело, Негова Црква, а Он - нивна Глава. Затоа и Христос им заповедал на Своите ученици: „Правете го ова во Мој спомен“, та секогаш да бидеме во Него и Он во нас.

latest Running Sneakers | Entrainement Nike

Повеќе...

Во светата и Велика Среда го славиме споменот на жената блудница, која Го помаза Господа со миро. Следејќи го примерот на нејзиното покајание, и ние да се покаеме и да ги очистиме нашите тела и души, за достојно да го пречекаме Христовото Воскресение. Влегувајќи, пак, во оваа последна седмица од Великиот пост, треба уште повеќе да ги засилиме нашите молитви и прозби, како и поусрдно учество на светите богослуженија, а особено на светата Литургија.

Sneakers Store | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

Повеќе...

„На небесата носен на престолот, а на земјата – на осле, Христе Боже, си ја примил похвалата од ангелите и песната од децата, кои Ти викаат: Благословен си Ти, Кој доаѓаш да го повикаш Адама“ (кондак на Цветници).

Шестата недела од Великиот пост се нарекува Цветна недела (Цветници), а во овој ден го прославуваме доаѓањето на аншиот Спасител, Господ Исус Христос, во Ерусалим, Кој качен на осле, доаѓа да пострада на Крст и да ги земе гревовите на светот врз Себе.

Sneakers Store | Sneakers

Повеќе...

„Денес е почетокот на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева и Гаврил објавува блага вест. Затоа и ние да извикаме кон Богородица: Радувај се Благодатна, Господ е со тебе!“ (тропар на Благовештение)

Со објавувањето на благата вест за доаѓањето на Спасителот започнува домостројот на спасението на човечкиот род. И токму затоа светата Црква, уште од почетокот, сведочела за спасението и за Спасителот, за Оној Кој повторно го соедини паднатиот во грев човечки род со Бога.

Running sneakers | Nike Shoes

Повеќе...
Страница 236 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2