Чествувањето на Патронот на Македонската православна црква, најпрвин се одбележа на 06.12.2011 година со свечена вечерна богослужба во храмот „Вознесение Христово“ во населбата Драчево во Скопје, каде што е сместено и средното богословско училиште. На вечерното богослужение чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, а присуствуваа и Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е и ректор на Македонската православна богословија.

Best Nike Sneakers | nike air barkley posite 76ers shoes for women Maximum Volume DJ4633-010 Release Date - SBD

Повеќе...

„Денес е почеток на Божјата милост и на проповедта за спасение на луѓето. Во храмот Божји јасно Дева се јавува и Христа на сите го предвестува. Нејзе и ние велегласно и извикуваме: Радувај се, исполнување на промислата на Создателот!“ (тропар на Воведение на Пресвета Богородица).

На 04.12.2011 година, денот кога го прославуваме празникот Воведение на Пресвета Богородица, беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Владо Недески. Пред започнувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј го произведе Горан Андрееевски во чин чтец. На Литургијата присуствуваа мноштво верници, кои речиси без исклучок пристапија кон светиот Путир и се причестија со светите крв и тело Христови. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

affiliate link trace | 2021 New adidas YEEZY BOOST 350 V2 "Ash Stone" GW0089 , Ietp

Повеќе...

„Архистратизи Божји, служители на Божествената слава, на ангелите началници, и на луѓето наставници, просете го за нас она што е полезно, и милост голема, како бесплотни архистратизи“ (кондака на Собор на св. Архистратиг Михаил и на другите бесплотни Сили).

На 21.11.2011 година, денот кога го прославуваме празникот Собор на св. Архангел Михаил и на другите бесплотни Сили, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритите Нектариј и Јосиф, јеромонахот Григориј, свештеникот Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодно слово, а потоа беше прекршен и празничниот колач.

Best Authentic Sneakers | Air Jordan 1 Low White/Black-Midnight Navy For Sale – Fitforhealth

Повеќе...

Според учењето на Црквата, сиот човеков принос на Бога во Евхаристијата поминува низ рацете на Епископот, кој според зборовите на св. Игнатиј Богоносец, „е на местото Божјо“, односно на местото Христово, бидејќи е „слика Господова“, односно „икона Христова“. Водејќи се од овие зборови на светите отци и будно чувајќи ги, и нашата света Македонска православна црква отсекогаш поставувала богомудри водачи на својот народ.

Дебарско-кичевската епархија оваа година го слави големиот Јубилеј - 30 години од доаѓањето на својот духовен водач и настојател, Митрополитот Тимотеј. Радоста, пак, беше уште поголема и поради пуштањето во употреба на новиот Административен центар на Дебарско-кичевската епархија.

Running sports | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

По повод
осветувањето на новиот
Митрополитски административен центар,
како и Јубилејот 30 години од
митрополитска служба на
Митрополит г. ТИМОТЕЈ,
Ве покануваме на овие свечености
на ден 20.XI 2011 година
во Охрид

ПРОГРАМА
07.30 Утрена богослужба во црквата „Св. Софија“
08.45 Дочек на Архиепископот Охридски и
Македонски г.г. Стефан со архиереите на МПЦ
09.00 Света архиерејска литургија
Чиноначалствува:
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан
со останатите архиереи
Пее: црковен хор „Св. Климент Охридски“ од Охрид
Поздравно слово од името на САС на МПЦ:
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан
Доделување на орден „Св. Наум Охридски“:
Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј
11.30 Осветување на Митрополитски административен
центар (старо училиште „Св. Климент Охридски“,
во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“)
13.00 Свечен ручек во хотел „Гранит“ – Охрид
Одбор за прослава на Јубилејот

 

Running Sneakers Store | Air Jordan 4 - Collection - Sb-roscoff
Страница 243 од 293

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5