На 07.05.2011 година, по завршувањето на свечената литија (еордија) со иконата и  моштите на св. вмч. Георгиј, во хотелот „Дрим“ во Струга се одржа трибина на тема „Младите и Библијата“. Модератор на трибината беше г-дин Игор Коруноски, а свои излагања имаа г-дин Оливер Димитриески, проф. Петко Златески и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, чие излагање интегрално ви го пренесуваме.

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Христос воскресе!

affiliate link trace | Air Jordan

Повеќе...

Голема е славата на св. вмч. Георгиј, на оној кој ги отфрли сите земни почести само за да биде со Христа. Неговиот спомен и неговата маченичка љубов е славена насекаде во светот. И кај нас, денот после празникот на св. вмч. Георгиј на 07.06.2011 година, според традицијата во Струга, се празнуваше овој светител со свечена литија (еордија - празнување) низ улиците и мостовите на овој наш верен град.  Празнувањето започна утрината со свечена архиерејска Литургија во храмот „Св. Ѓорѓи“ на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Попладнето се служеше вечерна богослужба, а по завршувањето на богослужението поворка од многуброен верен народ, проследен со црковни знамиња, крстови, чудотворната икона на маченикот и неговите свети мошти се упати кон центарот на градот. Прекрасно украсените мошти ги носеа Новица Столески, Димитар Колоски, Благоја Милески и Душан Матоски, а за да биде литијата уште поторжествена се погрижи оркестарот при МКЦ – Скопје. Тука беа и најмладите, кои со знаменца ги пречекуваа моштите и радосно извикуваа: Христос воскресе!

jordan release date | Supreme x Nike Air Force 1 Low 'Box Logo - White' — Ietp

Повеќе...

„Крвта на мачениците е семето на кое е изградена Црквата Христова“. Господ Исус Христос им вели на Своите ученици: „Ако Мене Ме гонеа и вас ќе ве гонат“ (Јован 15, 20). И навистина, дури и да нема период во историјата на Црквата, а таа да не била гонета. Но, овие мачеништва се само уште еден доказ за вистината, а Христос е нашиот Пат, Вистина и Живот.

Еден од безбројните маченици кои ја потврдиле својата вера со својот живот е и св. вмч. Георгиј, чиј култ особено е распространет на нашите простори. На денот кога го празнуваме (06.05.2011) света архиерејска Литургија беше отслужена во манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица, Дебар. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Партениј (игумен на Бигорскиот манастир), архимандрит Викентиј (гостин од Романската православна црква), еромонасите Доситеј и Макариј, свештеник Игор Никовски, еромонах Јосиф и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач и беше извршен мал водосвет, а кон многубројниот народ, нашиот Митрополит се обрати со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

affiliate link trace | Nike News

Повеќе...

„Ако адот или клучевите на гробот не те задржаа, како можат, Спасителу, клучеви на врати да го спречат Твоето влегување?“

Во неделата по Пасха, Недела на Антипасха или позната уште како и Томина недела, го празнуваме Обновувањето на Христовото Воскресение и допирањето на апостолот Тома. „Со љубопитната десница, Тома ги испита Твоите живодателни ребра, Христе Боже, кога си влегол низ заклучените врати, и со другите ученици викаше: Ти си мојот Господ и Бог!“ (кондак на Томина недела). Ова било уште една потврда за Христовите рани и страдања, но пред сè на Христовото Спасително Воскресение.

jordan Sneakers | Nike

Повеќе...

Во петокот од Светлата седмица го празнуваме обновувањето на храмот на Пресвета Богородица, наречен Живоносен извор. Си спомнуваме и за извонредните и натприродни чуда што се случиле во тој храм на Божјата Мајка. „Владичице, ти навистина си Изворот на жива вода, бидејќи ги лекуваш тешките болести на душите и телата, само со допир до тебе, излевајќи ни Го Христа – водата на спасението.“ (егзапостилар на празникот)

latest Running Sneakers | Autres

Повеќе...
Страница 252 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2