„Христос му велеше на Тома: Допри ме, бидејќи сакаш; стави ја раката и сфати дека имам коски и земно тело, и не биди неверен, туку заедно со другите уври се! А тој извика: Ти си мојот Бог и Господ! Слава на Твоето Воскресение!“ (хвалитна стихира на Утрена на Томина недела).

 

На 01.05.2022 година, во Неделата по Пасха - Томина недела, во храмот „Св. Никола Мирликиски“ во Долна Маала, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештеникот Сашо Ристески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

На 29.04.2022 година, во Петокот од Светлата семдица - Источен петок - Балакалија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го освети новиот храм посветен на Пресвета Богородица, односно на празникот Животочен извро - Балаклија, во ман. „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Храмот се изгради врз темели од постар храм, а ктитор на истиот е г-дин Бранко Арнаудов од Охрид со семејството. Храмот го фрескоживописа Владимир Симеонов. По осветувањето на храмот беше отслужена и првата Литургија, а по завршетокот на Литургијата, Митрополитот Тимотеј му додели Орден на св. Наум Охридски од Прв ред на г-дин Бранко Арнаудов поради неговиот труд и несебичното дарување на храмот. Митрополитот Тимотеј му додели Орден на св. Наум Охридски од Втор ред и на г-дин Никола Маркоски, кој доброволно беше ангажиран за сето време при изградбата на храмот. Господ на двајцата, како и на сите помагатели, да им дарува стоструко за нивниот труд и одвоено време. На крајот, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

„Владико Човекољупче, во Твојата светлина ќе ја видиме Светлината, зашто си воскреснал од мртвите, на родот човечки дарувајќи му спасение, за да Те прославува сето создание, Тебе - единствениот безгрешен: помилуј не“ (хвалитна стихира на Утрена во Вторник од Светла седмица).

 

На 26.04.2022 година, во Вторникот од Светлата седмица - Трет ден Велигден, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски, Александар Матески и Александар Крстаноски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно воскресно слово.

Повеќе...

„Нека кажат Јудеите како војниците Го погубија Царот Кого Го чуваа, и зошто каменот не го дочува Каменот на животот? Или погребаниот да Го дадат, или на Воскреснатиот да Му се поклонат, говорејќи со нас: Слава на мноштвото Твои штедрости, Спасителе наш, слава Ти“ (Воскресна стихира на Хвалитни на Утрена во Понеделник од Светлата седмица).

 

На 25.04.2022 година, во Понеделникот од Светлата седмица - Втор ден Велигден, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Александар Димоски и Христијан Костоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон присутните верници, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

„Со архангелите да го воспееме Христовото Воскресение, зашто Он е Избавителот и Спасител на душите наши, и во страшна слава, и во крепка сила, пак доаѓа да му суди на светот што го создаде“ (песна на Господи повикав... на Вечерна во Светата и велика недела на Пасха).

 

На 24.04.2022 година, во попладневните часови, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, во Светата и велика недела на Пасха, беше отслужена Вечерна богослужба со читање на Евангелието на повеќе јазици, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештениците Димче Азески, Ѓорѓи Блажевски и Александар Димоски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј и свештенослужителите заедно со верниот народ си го честитаа најторжествениот празник со радосниот поздрав Христос воскресе, а Митрополитот им подели на верниците по едно велигденско јајце. На самиот крај, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 50 од 291

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3