Преку оваа книга големиот руски светител Јован Кронштатски дава кратко, но практично толкување на божествената литургија и на нејзините елементи. Книгата е превод на прот. Митре Попоски.
Формат: мека корица
Цена:
Почитувани верници, МПЦ – ОА, Дебарско-кичевската епархија ве поканува на заедничко молитвено торжество по повод празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски, нашиот духовен застапник, чиј спомен торжествено се празнува секоја година. По тој повод, на 14.06.2026 година (недела), со почеток во 19:00 часот, во манастирот посветен на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски ќе биде отслужена празнична…
На 11.06.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската Митрополија во Охрид, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со Архиепископот Михаил од Православната Црква во Америка. Во придружба на Архиепископот Михаил, меѓу останатите, беа и протопрезвитер-ставрофор Јован (Џон) Паркер, декан на Православната семинарија „Св. Тихон“, во Пенсилванија и протопрезвитер-ставрофор Јосија (Џосаја) Тренам, познат православен мисионер.…
На 07.06.2026 година, во Неделата на Сите Светии, во манастирот посветен на „Сите Светии“ („Си Свети“) во с. Лешани, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. Споделете
На 06.06.2026 година, на споменот на преподобниот Симеон Столпник Дивногорец, св. Мелетиј Стратилат и св. Никита Столпник, во храмот „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Востронски г. Тимотеј, Егзарх на Светиот Христов Гроб за Кипар, во сослужение со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј и…
,,Во Твоите дворови, Господи, со преклонети колена на душите и телата, ние верните Те воспеваме Тебе, беспочетниот Отец, и собеспочетниот Син, и совечниот и Пресвет Дух, Кој ги просветлува и осветува душите наши.“1 На 01.06.2026 година, во вториот ден од празнувањето на празникот Педесетница, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија,…

По повод претстојните празници, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Георгиј, ќе богослужи и ќе проповеда:
– 17.05.2026 г. Недела на слепиот, Света Архиерејска Литургија, со почеток во 08:45 часот, во манастирот ,,Свети Наум Охридски” – Охрид
– 21.05.2026 г. Вознесение Христово – Спасовден, Света Архиерејска Литургија, со почеток во 08:45 часот, во манастирот ,,Вознесение Христово” – Горно Лакочереј, Охрид
– 31.05.2026 г. Духовден, Света Архиерејска Литургија, со почеток во 08:45 часот, во храмот ,,Света Троица” – Охрид