Во ова дело отец Георгиј Флоровски го разгледува единството и меѓусебната поврзаност на Стариот и Новиот Завет во светлината на Божјиот домострој на спасението. Авторот го насочува читателот кон правилно разбирање на библиското откровение и континуитетот на спасителната историја, откривајќи ја Христоцентричната смисла на Светото Писмо. Делото претставува седми том од десеттомното издание на собраните дела на о. Георгиј Флоровски. Преводот е дело на протоереј-ставрофор Никола Христоски. Оваа книга е издание од 2021 година.
Формат: тврда корица
Број на страни: 199
Цена: 350 ден.






