Единаесеттиот том од едициjата „Охридски источник”, ни ги донесе беседите од митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднески г. Тимотеј изговорени во текот на 2023 година. Тоа се 82 беседи кои се произнесени како проповедничко слово во рамките на светата Литургиjа, кои што се изговорени наjчесто во дијацезата на Дебарско-кичевската епархија, а во оваа книга се подредени по хронолошки распоред и дополнителни 11 беседи изговорени во Австралиско-сиднејската епархија. Изданието е од 2024 година.
Формат: тврда корица
Цена: 350 ден.






