Ова богословско истражување дава богословски и историски преглед на византиските отци од V век, чиј придонес е од особено значење за понатамошното развивање и прецизирање на православното догматско учење. Преку разгледување на нивните дела и богословски ставови се осветлува начинот на кој Црквата одговорила на новите догматски и еклисиолошки предизвици на тоа време. Читателот се насочува кон подлабоко разбирање на византиското светоотечко наследство како неразделен дел од живото Предание на Црквата. Делото претставува деветти том од десеттомното издание на собраните дела на о. Георгиј Флоровски. Преводот е дело на протоереј-ставрофор Никола Христоски. Оваа книга е издание од 2021 година.
Формат: тврда корица
Број на страни: 574
Цена: 600 ден.






