Архимандрит Нектариј

Архимандрит Нектариј (Најдоски)

Игумен на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид.

Раѓање и школување

Роден е на 18.X 1960 год. во с. Селце, прилепско од родители Лазар и Злата Најдоски. По завршувањето на основното образование се запишува во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево – Скопје, која ја завршува со одличен успех. Потоа се запишува на Богословскиот факултет во Скопје.

Замонашување и ракополагања

Замонашен е на 16.XII 1981 год. во манастирот „Св. Илија“, Чардак, Скопско, од страна на митрополит Преспанско-пелагониски Петар. Прв манастир во кој престојувал како монах е ман. „Св. Петка“ во битолското село Цапари. Од истиот митрополит е ракоположен во јероѓаконски чин на 9.I 1984 во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Прилеп. По канонскиот отпуст преоѓа во Дебарско-кичевска епархија на 3.IX 1990 год. и извесно време работи како епархиски референт. На 14.III 1991 год. е ракоположен во јеромонашки чин од страна на митрополит Тимотеј, во ман. „Св. Наум Охридски“ и останува да живее во овој манастир од 3.IV 1991 год. За игумен е произведен на 3.VII 1992 год. во истиот манастир. По предлог на митрополит Тимотеј е одлукуван со архимандритски чин и носење на граден крст на 3.VII 1993 год.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК