Монах Бенедикт (Божиновски)
Настојател на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, во с. Горни Манастирец, Бродско
Раѓање, школување и замонашување
Роден е на 10.XII 1950 год. во Битола. Завршил средно медицинско училиште во Австралија. Замонашен е на 30.XI 1977 год. во рускиот манастир „Св. Пантелејмон“, на Света Гора, од архимандритот Авел, игумен на манастирот, и го добива името Пантелејмон. На 16.II 1980 год. прима мала схима во Рилскиот манастир во Бугарија од архимандрит Леонид, и го добива името Бенедикт. Na 16.IX 1982 год. во Рилскиот манастир е потстрижен во чин игумен-настојател, од архимандритот Леонид Рилски. Во 1999 година, со благослов на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, доаѓа во напуштениот манастир „Св. Богородица“ во с. Горно Манастирец, Бродско.






