Протоереј Атанас Казанџиски
Парохиски свештеник при црквата „Св. Козма и Дамјан“ – с. Пештани
Телефонски број: 070-593-553
Раѓање и школување
Роден на 18. XI 1970 година во с. Митрашинци – Берово, од родители Димитар и Нада, со живеалиште во с. Митрашинци – Берово. Основно училиште завршил во ОУ „Гоце Делчев“ во с. Митрашинци. Потоа се запишува во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Драчево – Скопје во учебната 1985/86 година и завршува во учебната 1989/90 година како кандидат на Брегалничката епархија.
Ракополагања
На 6. VI 1993 година ракоположен е за чтец, ипоѓакон и ѓакон во храмот „Св. Богородица“ во Делчево, а на 13. VI 1993 година во манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Берово е ракоположен во свештенички чин од митрополит Брегалнички Стефан, сега архиепископ Охридски и Македонски Стефан. На 19. III 1999 година, со одлука бр. 12 од Брегалничката епархија, добива условен канонски отпуст за премин во Дебарско-кичевска епархија, а на 29. III 1999 година, добива конечен канонски отпуст и канонски прием во Дебарско-кичевска епархија.






