Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнс

На 20.08.2026 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија, г-ѓа Никол Варнс.

На средбата беше разговарано за богатото духовно и културно наследство на Охрид, градот кој со векови претставува едно од најзначајните духовни средишта на православното христијанство и нераскинлив дел од христијанската цивилизација на овие простори.

Во текот на средбата беше истакната и потребата од натамошно негување, зачувување и афирмирање на ова богато наследство, кое има значење не само за православните верници и за македонскиот народ, туку и за поширокото културно и духовно наследство на Европа и светот.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК