Свештеник Димитрија Павлески
Парохиски свештеник на Драслајчка парохија при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – с. Драслајца
Телефонски број: 076 260 090
Раѓање и школување
Роден на 1. XI 1978 година во Струга, од родители Васил и Ружица, со живеалиште во село Подгорци, Струшко. Основно училиште завршил во ОУ „Гоце Делчев“ во с. Подгорци, а образованието го продолжува во средното богословско училиште „Св. Климент Охридски“ во Драчево во учебната 1993/1994 година. Истото го завршува во учебната 1997/1998 година. Запишан е како студент на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Ракополагања
На 1. III 2015 година е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од митрополитот Тимотеј во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид. На 15. III 2015 година е ракоположен во свештенички чин во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга од страна на митрополитот Тимотеј.






