Протоереј Васко Голабоски
Парохиски свештеник при храмот ,,Св.вмч. Георгиј” – Струга
Телефонски број: 078 330 454
Раѓање и школување
Роден на 5. III 1982 година во Струга, од родители Владимир и Виолета, со живеалиште во Струга. Основно училиште завршил во Струга. Средно училиште завршил во УСО „Нико Нестор“ – Струга, природно-математички оддел. Запишан е на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во учебната 2000/01 година, како кандидат од Дебарско-кичевската епархија. Факултетот го завршил во 2011 година и се стекнал со академски степен дипломиран теолог.
Ракополагања
На 22.II 2009 год. ракоположен e за ѓакон од страна на митрополитот Тимотеј во црквата „Св. вмч. Ѓорѓи“‒ Струга. На 20. X 2013 година е ракоположен во свештенички чин од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид.






