На 10.10.2026 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, заедно со претставниците на Македонското библиско здружение, протојереј Даниел Јовановски и м-р Дарио Божиновски, ја посети Вранишката парохија во с. Враништа.
Најнапред, Митрополитот Георгиј ја посети соборната црква, каде што се запозна со фрескоживописот, мерките за негова заштита и планираните активности за негово зачувување.
Потоа, ја посети и црковната музејска збирка, каде што се запозна со локалната историја и културното наследство на селото.
Во рамките на посетата, Митрополитот Георгиј им подари Библии на децата од „Православна младина“, поттикнувајќи ги уште подлабоко да се запознаат со Светото Писмо и да растат во верата и љубовта кон Бога.

























