Свештеник Оливер Димитров
Парохиски свештеник при црквата „Света Троица“ во Охрид
Телефонски број: 075 438 383
Раѓање и школување
Роден на 27. III 1976 година во Охрид, од родители Михајло и Воскресија, со живеалиште во Охрид. Основно училиште завршил во ,,Свети Климент Охридски”, Охрид, а средното образование го завршил во ОЕМУЦ ,,Свети Наум Охридски”, Охрид. Со благослов на надлежниот митрополит Тимотеј своето образование го продолжил на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Со благослов на надлежниот митрополит Тимотеј продолжил на последипломски студии на Филозофскиот факултет при Софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија, Р. Бугарија, кои и успешно ги завршил.
Ракополагања
На 04. II 2022 година во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ во Охрид е ракоположен за чтец, ипоѓакон и ѓакон од страна на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј. На 13. II 2022 година во храмот „Свети Никола Геракомија“ во Охрид е ракоположен за свештеник од страна на митрополитот Тимотеј.






