2. Николче Ѓурѓиноски

Протоѓакон Николче Ѓурѓиноски

Епархиски протоѓакон на Дебарско-кичевската епархија

Телефонски број: 078 330 425

Раѓање и школување

Роден на 24 март 1981 година во Струга, од родители Ѓуро и Славица, со живеалиште во с. Луково, Струшко. Основно образование завршил во с. Луково. Средно богословско образование завршил во 2003 година во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Драчево – Скопје. Со благослов на надлежниот митрополит Тимотеј и со благослов на Светиот архијерејски синод на МПЦ, во 2003 година се запишал на Московската православна духовна академија во Москва, која ја завршил во 2007 година. Постдипломските студии ги завршил во 2012 година и се стекнал со степен магистер по богословски науки. Во 2015 година се запишал на докторски студии на Институтот за национална историја во Скопје, кои ги завршил во 2023 година.

Ракополагања

На 3.VII 2008 год. ракоположен е за ипоѓакон и ѓакон од страна на митрополитот Тимотеј, а на 7.VII 2013 год. од страна на митрополитот Тимотеј е произведен во чин протоѓакон во манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК