„Преподобен (Науме), кој и сега достојно го благовестиш прекрасниот мир кој секаков ум надминува, дивите народи мизиски, кои беа како диви ѕверови, си ги ставил во прегратките Христови, Затоа испроси непоколеблив мир и милост голема.“ 1
Празнувањето на големиот охридски светител, Преподобниот Наум Охридски Чудотворец, започна на 04.01.2026 година, во вечерните часови, во Светинаумовиот манастир на Охридското Езеро, со празнична Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
Празникот во чест на големиот подвижник и чудотворец продолжи следниот ден, на 05.01.2026, во истиот манастир, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач.
























- Седален на Утрена на светиот и преподобен Наум Охридски Чудотворец. ↩︎






