„Славиме ден на духовна радост, Димитрие, гледајќи како изворот на твоето миро тече непрестајно. Затоа ти, разорувајќи го мракот на страстите, а исполнет со божествена светлина, давај ни да одиме набожно како дење, и да ја видиме непристапната Божја светлина.“
Песна од Канонот на Утрена на св. вмч. Димитриј Солунски.
На 08.11.2025 година, кога го прославуваме споменот на св. вмч. Димитриј Солунски, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.





