Ако некој посака да се заштити од заблуди и да остане во здравата вера, како прво, должен е да ја огради својата вера со авторитетот на Светото Писмо, а како второ, со Преданието на Црквата. Но можеби некој ќе праша: канонот на Писмата е совршен и доволен за сè, зошто кон него да го присоединуваме авторитетот на Преданието? – Затоа што Писмото не го разбираат сите исто, и еден го толкува вака, друг поинаку, така што од него може да се извлечат толку толкувања колку и глави. И затоа е неопходно да се раководиме според црковното разбирање… Што е тоа Предание? Тоа во кое верувале сите во Црквата, секогаш и насекаде… Тоа што си го примил, а не тоа што си го измислил… бидејќи наш долг не е да ја водиме верата каде што ќе посакаме, но да погледуваме каде што таа ќе нè однесе, и не своето да им го предадеме на потомците, туку да го зачуваме она што сме го примиле од предците.
Поука од Преподобен Викентиј Лерински
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Известување по повод празнувањето на св. мч. Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Почитувани верници, На 30 септември, Светата Православна Црква го празнува споменот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија. По повод празникот, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј. На многу години!…
-
Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден
,,Крстот е чувар на сета вселена, Крстот е красота на Црквата, Крстот е сила на царевите, Крстот е поткрепа на верните, Крстот е слава на ангелите и рана за демоните.“ На 27 септември 2026 година, во денот кога го празнуваме славното Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден, во храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Охрид, беше…
-
Соопштение по повод празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден
Почитувани верници, На 27 септември си спомнуваме за празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден. Дебарско-кичевската епархија со духовна радост ве поканува да го прославиме овој велелепен празник, во кој се воздигнува Чесниот и Животворен Крст, сеќавајќи се на доброволната жртва на Оној Кој, од љубов кон човекот, се прикова на него. Во…
-
Гласот на грижливата внимателност
Книгата претставува вредно духовно дело на архимандрит Лазар (Абашидзе), посветено на послушанието и духовното раководство во православниот духовен живот. Потпирајќи се на учењето на свети Игнатиј Брјанчанинов и на сведоштвата на светите отци, авторот го разгледува односот меѓу духовниот отец и неговото духовно чедо, значењето на расудувањето и опасностите од неправилното разбирање на послушанието. Делото…
-
Од печат излезе новото издание на Дебарско-кичевската епархија – „Гласот на грижливата внимателност“
Почитувани верници, Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, од печат излезе новото издание на Дебарско-кичевската епархија – „Гласот на грижливата внимателност“ од архимандритот Лазар (Абашидзе). „Гласот на грижливата внимателност“ е вредно духовно четиво посветено на едно од најзначајните и воедно најчесто погрешно разбрани прашања во православниот духовен живот: послушанието и духовното раководство.…




