Кога ќе ти се случи неочекувано да паднеш во грев…, не биди малодушен, не се потпирај на себеси, не вели: „како можев тоа да го допуштам!?“ Тоа е плач на гордото високо мислење за самиот себеси. Напротив, смири се и, свртувајќи ги мисловните очи кон Господ, кажи: „Што друго може да се очекува од мене, Господи, толку немоќен и невоздржан?“, и тука заблагодари Му се што делото останало само на тоа, исповедајќи: „Ако не е Твојата безмерна благост, Господи, не би се запрел само на тоа, ами безусловно би паднал во нешто уште полошо“.
Поука од Свети Никодим Светогорец
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Осветување на камен-темелник на новата фабрика на „АСП-ПАК“
Денес, на 9 ноември 2026 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување на камен-темелникот на новата фабрика на компанијата „АСП-ПАК“ во Охрид. На свечениот настан присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија, г. Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, г. Александар Николоски, како и градоначалникот на Општина Охрид, г. Кирил…
-
Средба на Митрополитот Георгиј со градоначалникот на Општина Вевчани
На 02.11.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската митрополија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со градоначалникот на Општина Вевчани, г. Спасе Кочовски. На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Дебарско-кичевската епархија и Општина Вевчани, како и за можностите за нејзино унапредување, особено во насока на зачувувањето и афирмацијата на духовното, културното и…
-
Дваесет и втора недела по Педесетница и 20-годишен јубилеј од епископската служба на Митрополитот Иларион
,,Господи, мртов си се нарекол Ти, Кој смртта си ја умртвил; во гроб си се положил Ти, Којшто гробовите си ги испразнил; горе, гробот го чуваа војници, а долу, си ги воскреснал умрените со векови. Сесилен и недостижен Господи, слава Ти.”1 На 01.11.2026 година, во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот…
-
Преподобна Параскева Петка Епиватска
,,Мироточителка на Пресветиот Дух си се покажала, мајко, со излевањето на мирото на благомирисните и мудри твои учења, уништувајќи ја злосмрадната гнилеж на прелеста, и со твојот нарав, Параскево, намирисувајќи ја Црквата, која вика непрестајно: Со песни Те славиме, Христе, во вековите.“1 На 27.10.2026 година, на споменот на преподобната Параскева Петка Епиватска, во храмот ,,Света…
-
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Рим
Во петок, на 23 октомври 2026 година, во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј. Средбата се одржа во рамките на престојот на Вселенскиот патријарх во Рим, каде што на Папскиот универзитет „Свети Тома Аквински“ (Angelicum), по повод свеченото отворање на академската 2026/2027 година, му…





