„Тебе, пророкот, Господ те овенча, премудри, дарувајќи ти благодат да ги претскажуваш идните настани како сегашни. Затоа сега, гледајќи го остварувањето на зборовите, како вистински пророк, постојано и со пофалби те славиме.“ 1
На 02.08.2026 година, кога го празнуваме споменот на светиот пророк Илија и на преподобните пречистански новомаченици Пајсиј, Евнувиј и Аверкиј, во храмот „Св. пророк Илија“ во с. Лактиње, Општина Дебрца, под началство на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, беше извршен свечениот чин на преосветувањето на храмот.
По завршувањето на чинот на преосветувањето беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.
По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач и беше отслужен парастос за сите паднати борци, кои го дале својот живот за слободата на македонскиот народ и Македонската црква.
На многу години!























































- Песна од канонот од Утрената боголужба на св. пр. Илија. ↩︎





