Спомен на светиот пророк Илија и на преподобните Пречистански новомаченици и преосветување на храмот во Лактиње

„Тебе, пророкот, Господ те овенча, премудри, дарувајќи ти благодат да ги претскажуваш идните настани како сегашни. Затоа сега, гледајќи го остварувањето на зборовите, како вистински пророк, постојано и со пофалби те славиме.“ 1

На 02.08.2026 година, кога го празнуваме споменот на светиот пророк Илија и на преподобните пречистански новомаченици Пајсиј, Евнувиј и Аверкиј, во храмот „Св. пророк Илија“ во с. Лактиње, Општина Дебрца, под началство на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, беше извршен свечениот чин на преосветувањето на храмот.

По завршувањето на чинот на преосветувањето беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

 По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач и беше отслужен парастос за сите паднати борци, кои го дале својот живот за слободата на македонскиот народ и Македонската црква.

На многу години!

  1. Песна од канонот од Утрената боголужба на св. пр. Илија. ↩︎

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК