Известување по повод празнувањето на Успението на Пресвета Богородица

Почитувани верници,

Дебарско-кичевската епархија Ве поканува на молитвено учество во празничното торжество по повод празнувањето на светото Успение на Пресвета Богородица.

По тој повод, на 27.08.2026 година (четврток), во навечерието на овој голем празник, со почеток во 17:00 часот, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, ќе биде отслужена празнична Вечерна богослужба со Опело на Пресвета Богородица, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Празничното торжество ќе продолжи наредниот ден, 28.08.2026 година (петок), во Македонски Брод, каде што, со почеток во 08:45 часот, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Со голема радост и молитвено единство да го прославиме славното Успение на Пресветата Богородица, принесувајќи ѝ благодарност и молитви на Богомајката, нашата постојана молитвена Застапничка пред Бога и Покровителка.

На многу години!

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК