Свечено отворање на 50-тото јубилејно издание на „Струшка музичка есен“

На 11.09.2026 година, во храмот „Свети великомаченик Георгиј“ во Струга, беше одржано 50-тото јубилејно издание на манифестацијата „Струшка музичка есен“.

На свеченото отворање присуствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, кој имаше поздравно обраќање до присутните.

Покрај Митрополитот Георгиј, свои обраќања имаа и проф. д-р Стефанија Лешкова – Зеленковска и д-р Марија Павловска – Шулајковска.

Во рамките на свеченото отворање беше приреден и концертен настап на хорот „БалТепе“ од Тетово, под диригентство на Јасмина Ѓорѓеска, кој со својата изведба придонесе кон свечената атмосфера на јубилејното издание.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ