Почитувани верници,
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, од печат излезе новото издание на Дебарско-кичевската епархија – „Гласот на грижливата внимателност“ од архимандритот Лазар (Абашидзе).
„Гласот на грижливата внимателност“ е вредно духовно четиво посветено на едно од најзначајните и воедно најчесто погрешно разбрани прашања во православниот духовен живот: послушанието и духовното раководство.
Во книгата авторот, архимандритот Лазар (Абашидзе), потпирајќи се на учењето и духовното искуство на свети Игнатиј Брјанчанинов, епископот Кавказки, како и на сведоштвата на светите отци од последните векови, внимателно го разгледува односот меѓу духовниот отец и неговото духовно чедо, значењето на послушанието, расудувањето и опасностите што можат да произлезат од неправилното разбирање на овие прашања.
Посебна вредност на книгата е нејзиниот трезвен и внимателен пристап кон духовниот живот. Таа потсетува дека православниот христијанин е повикан да ја гради својата вера со смирение, расудување и будност, избегнувајќи ги и самоувереноста и некритичкото потчинување.
Преводот на македонски јазик е дело на свештеникот Димитар Петрески.
Формат: мека корица
Број на страни: 264
Цена: 300 ден.





