,,Со светиите упокоја ја, Христе, душата на Твојата рабина кај што нема болка, ни тага, ни воздишка – но живот бесконечен.“1
На 14 ноември 2026 година, на споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, по повод десетгодишниот спомен од упокојувањето на блаженоупокоената игуманија Агнија, беше отслужена света заупокоена архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение со Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј.
На светата Литургија, од раката на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, свештеникот Александар Крстаноски беше ракопроизведен во чин протоереј.
По завршувањето на светата Литургија, беше отслужен парастос во спомен на блаженоупокоената игуманија Агнија, а потоа беше отслужена и Трисагија на нејзиниот гроб.
Во блажено успеание дај му, Господи, вечен покој на Твојата рабина и направи ѝ го споменот вечен.























- Кондак глас 8-ми. ↩︎






