Главен Уредник

  • Поука од Преподобен Исак Сирин

    Без искушенија е невозможно да се научи на премудроста на Духот, нема можност Божествената љубов да се утврди во твојата душа. Пред искушенијата човекот Му се моли на Бог како на туѓинец. Кога влегува во искушенијата од љубов кон Бог и не им се дава, тогаш застанува пред Бог како пред искрен другар; зашто во…


  • Поука од Свети Никита Ститат

    Природата на нештата се мери според внатрешната настроеност на душата, односно каква е личноста зависи од тоа што таа мисли за другите. Оној што достигнал вистинска молитва и љубов, повеќе не дели на групи. Не ги одделува праведниците од грешниците, туку сите ги сака подеднакво, и не ги суди, исто како што Бог дава сонцето…


  • Поука од Свети Андреј Критски

    Луѓе Божји, народе свет, свештено собрание! Да го почитуваме сеќавањето на татковците, да ја возвеличиме силата на тајната. Секој од нас, според мерата на благодатта што му е дадена, да принесе достоен дар кон ова вистинско торжество. Татковците – благосостојба на родот; мајките – благочедност; неплодните – неплодност на грев, девиците – вистинско целомудрие, односно…


  • Поука од Свети Андреј Јуродив

    Што имаме ние во овој суетен свет? Ние не сме создадени за навек да останеме во него, туку во него богоугодно да се подвизуваме, па потоа да си одиме во својата Небесна Татковина.


  • Поука од Свети Дионисиј Ареопагит

    Нели е вистина дека Христос им се приближува со љубов на оние што се оттргнуваат од Него? Дека се бори со нив, ги моли да не ја презираат Неговата љубов, а ако покажат само презир и останат глуви на Неговите молби, Самиот станува нивен застапник?


  • Поука од Преподобен Антониј Оптински

    Какво било огорчение да те стигне, каква било непријатност да ти се случи, речи: ,,Ќе го претрпам тоа за Исус Христос!”, и ќе ти биде полесно. Бидејќи името на Исус Христос е силно. При него сите непријатности се стишуваат, бесовите исчезнуваат. Се стишува и унинието што ти се случува, се успокојува и твоето малодушие.


  • Поука од Свети Арсениј Папачок

    Од сè срце Му благодарам на Бог што ми даде крст. Вака си размислував: ,,Бев вистинољубив во мојот живот, но тоа не е доволно; мора да се распнеш себеси!” И многупати си кажував: ,,Треба да умираш и да воскреснуваш секој ден! Ако не знаеш да умреш, не надевај се на воскресение!”


  • Поука од Свети Фотиј Велики

    Кај секој што оди на грев мислите како да му се закочуваат и видот за разликување е повреден, со што лукавиот, советувајќи и залажувајќи, нè опушта и замајува. А по постапката, тој го става пред нашите очи направеното и жестоко го открива она што претходно со многу лукавства го сокрил, и разобличувајќи ја тежината на…


  • Поука од Светите Сергиј и Вакх

    И честа и бесчестието, и животот и смртта се едно и исто за оној што го бара Царството Небесно.


  • Поука од Преподобен Јосиф Исихаст

    Кога ќе забележиш утеха во срцето, просветлување во умот и созерцание, веднаш подготви се. Не вели: ,,Ми се даде одмор”, туку подготви го своето оружје – солзи, пост, бдеење и молитва – и стражари над своите сетила за да го чуваш умот. Запрашај се: ,,Се прашувам од каде ли ќе започне битката? Од демоните? Од…