Главен Уредник

  • Поука од Свети Теофан Затворник

    Кога човекот е предаден на страстите, тој не ги гледа во себе и не се одделува од нив, затоа што живее во нив и преку нив. Но кога на него ќе подејствува благодатта Божја, тој почнува да го разликува во себе страсното и гревовното, признава, се кае и решава да се воздржува од него. Почнува…


  • Поука од Пустинските Отци

    Го прашале еден старец: ,,Како може да Го пронајдам Бог?” Тој одговорил: ,,Во постот, трезвеноумието, трудот, посветеноста, а пред сè, во расудувањето. Ти велам, многумина ги повредија своите тела без расудување и си заминаа од нас без да постигнат ништо. Нашите усти мирисаат лошо од постењето, Светото Писмо го знаеме напамет, ги рецитираме сите Давидови…


  • Поука од Свети Кесариј Арлски

    Најлош вид грев е да не признаваш дека си грешен.


  • Поука од Свети Димитар Ростовски

    Биди така смирен како што си создаден смирено од Бог.


  • Поука од Старец Јован Рижиски

    Честата и правилно извршена молитва на почетокот е полна со расејаност, невнимание, сувост и студеност. Вниманието, топлината и пламенот се, пак, Божји дар, кој ѝ се дава на душата во свое време, доколку се труди во честата молитва. Треба да го насочиме вниманието и да се потрудиме да ја здобиеме количината, т.е. да се молиме…


  • Поука од Ава Григориј

    Оиве три работи Бог ги бара од секој човек што примил крштевање: од душата правилна вера, од устата – вистина, од телото – непорочност.


  • Древен Патерик 5, 35

    Некој монах го запрашал еден од старците: ,,Зошто мојата мисла постојано тежнее да направи блуд, не ми дава мир ни за момент, и мојата душа се вознемирува?” Старецот му одговорил: ,,Ако демоните ти предлагаат грешни мисли, не им се предавај; на демоните име е својствено постојано да соблазнуваат. И иако тие некогаш не престануваат да…


  • Поука од Свети Серафим Саровски

    За чување на мирот во душата потребно е човек почесто да влегува во себе и да се прашува: ,,Каде сум јас?”


  • Поука од Свети Серафим Саровски

    Кога човекот ќе се погрижи да има смирено срце и спокојна, мирна мисла, сите замки на ѓаволот стануваат недејствителни, бидејќи каде што е мирот на помислите, таму пчива Самиот Господ Бог: ,,Во мирот е Неговото место” (Пс. 75, 3)


  • Поука од Свети Серафим Саровски

    Ништо не е подобро од мирот во Христос, во кој престанува секоја борба со поднебесните духови.