Главен Уредник

  • Поука од Свети Николај Залитски

    Смирението е како полн пченичен клас – колку е пополн и позрел, толку потешко и пониско паѓа кон земјата.


  • Поука од Преподобен Јосиф Исихаст

    Не очекувај да најдеш радост и одмор во што било што ја натажува твојата душа и ја оддалечува од божествената благодат.


  • Поука од Преподобен Јустин Ќелиски

    Сите сонца и сите ѕвезди не вредат колку една душа. Ако човекот ја истроши својата душа во пороци и гревови, нема да може да ја откупи, па дури и да стане господар на сите сончеви системи… Овде на човекот му е оставен еден излез, само еден, и друг нема. Еве го излезот: Богочовекот Христос е…


  • Поука од Преподобен Георгиј Капсанис

    Предуслов за луѓето да се соединат со Христос и да оживеат е, преку покајание, прво да умрат за луѓето што порано биле. Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно ,,јас” (т.е. егоизмот, страстите и себичната волја) на Крстот и Гробот Христов за да можат да воскреснат со Него и ,,да…


  • Поука од Преподобен Георгиј Капсанис

    Целиот живот на монасите и монахињите е учење во покајание; нiвното духовно однесување – како на грешни покајници. Монасите се експерти во науката на покајанието, ,,оние што го испишуваат животот на покајанието” за целата Црква. Плачот и солзите се најречита проповед.


  • Поука од Свети Ефрем Филотејски и Аризонски

    Човековото срце е центар на натприродно, природно и противприродно движење. Сѐ почнува од срцето. Ако човековото срце е очистено, човекот Го гледа Бог. Меѓутоа, на кој начин можеме да Го видиме Бог? Може ли Бог да има човечки облик? Не, се разбира дека не! Бог е невидлив, Бог е Дух. Меѓутоа, Он може да загосподари…


  • Поука од Свети Макариј Оптински

    Подобро е за нас, откако ќе ги согледаме своите падови, да се смируваме и неволно да се сметаме себеси за полоши од другите, отколку да ги гледаме своите божемни подвизи, а да не се потопуваме во длабочината на смиреномудрието.


  • Поука од Свети Јован Кронштатски

    Навредите не треба да нѐ вознемируваат, ниту да нѐ жалостат. Попрво, тие треба да нѐ поттикнат на молитвена ревност. Да се лутиш, значи да додаваш болест врз болест и слабост врз слабост, значи доброволно да страдаш од самољубие што не сака да ги види своите мрачни страни. Така се предаваме на пропаст. Да се падне…


  • Поука од Свети Василиј Велики

    Постот ја зајакнува молитвата. Станува нејзино крило на патот кон небото. Но не ограничувај ја добродетелта на постот само на исхраната. Вистинскиот пост не е само одрекување од различните јадења, тој е одрекување од страстите и од гревовите: никому да не му нанесуваш неправда. Да му простиш на ближниот за навредата што ти ја сторил,…


  • Поука од Свети Лука Војно-Јасенецки

    Немојте да мислите дека е забрането своите деца да ги учите на световни науки. Никако. Нашите најголеми отци и учители на Црквата и самите во младоста се предавале на изучување на сите научни, философски мудрости. Свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов, свети Јован Златоуст биле висоообразовани луѓе во нивното време. И нашите деца треба да…