Главен Уредник

  • Поука од Свети Серафим Саровски

    Обележје на една разумна душа е умот да се сврти кон себе и да дејствува во срцето. Тогаш благодатта Божја го осенува умот и тој го достигнува надсветовниот мир.


  • Поука од Свети Серафим Саровски

    Дали е вомзожно да не се радуваш кога со сетилните очи го гледаш сонцето? Меѓутоа, колку е поголема радоста кога умот со внатрешното око Го гледа Сонцето на правдата – Христос. Тогаш човекот навистина се радува со ангелска радост.


  • Поука од Свети Серафим Саровски

    Мирот во душата се стекнува со страдање. Патот на оние што сакаат да Му угодат на Бог минува низ многу тешкотии.


  • Поука од Свети Серафим Саровски

    Должни сме своите мисли, желби и дејства да ги концентрираме на стекнување на мирот Божји.


  • Поука од Преподобен Гаврил Ургебадзе

    Има една изрека кај светите Отци: ,,Три работи ќе го изненадат спасениот човек на небото: прво, дека е на небото; второ, дека ги гледа оние што не очекувал да ги види, и трето, дека не ги гледа тие што очекувал да ги види таму”.


  • Поука од Преподобен Исак Сирин

    Господи, биди им застапник на сите што преминале од овој свет без добродетелен живот и вера, заради телото што го зеде од нив, за од единственото сплотено тело на светот да Го прославиме Отецот, Синот и Светиот Дух во Царството Небесно, бескраен извор на живот вечен.


  • Прва среда од Великиот пост

    „Да го распнеме телото со воздржание, да бидеме будни во молитвите, како што е напишано, и да живееме по примерот на Оној Кој пострада и страстите ги умртви.“ На 01.03.2023 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на Претходноосветени дарови,…

    Прва среда од Великиот пост

  • Поука од Преподобен Сергиј Радонешки

    Православните христијани се должни непоколебливо да пребиваат во Православието, да го чуваат едномислието еден со друг и нелицемерната љубов, да ја чуваат чистотата на душата и телото, да се пазат од зли и нечисти желби, со умереност да јадат и пијат и, пред сѐ, да се украсуваат со смирение, да не го оставаат гостеприемството, да…


  • Поука од Преподобен Јустин Ќелиски

    Во тестото на човековото битие Бог ставил квасец на христокопнежливост за да може човекот, а со него и за него и сета твар, да тежнее и да се стреми кон Христос. Оттука, сета твар во својата срж е христоцентрична и се приклонува кон Христос како кон свој природен и вечен центар, и своја цел. Како…


  • Поука од Преподобен Гаврил Ургебадзе

    Срамно е и грев е кога човек што нема вистинска љубов и вистинско покајание упорно тврди дека православните ќе се спасат, а другите ќе бидат осудени. Не можеме да кажуваме и да заклучуваме такви работи (дали некој ќе биде спасен или осуден), не само за здрав човек, туку и за оној што е болен и…