Главен Уредник
-
Молитвени кринови
Објавено на:
Оваа книга претставува зборник од есеи од областа на литургиското богословие кои се плод на неколкугодишна работа на еромонахот Кипријан Керн во Белградскиот литургиски кружок „Преподобен Серафим Саровски“ и наставата во Битолската богословија „Свети Јован Богослов“. Во превод од српски јазик ја имаме благодарение на прот. Игор Никовски. Формат: мека корица Број на страни: 304…
-
Невидлива борба
Објавено на:
Оваа книга на свети Никодим Светогорец напишана по урнек на истоимената книга на италијанскиот теолог Лоренцо Скуполи претставува упатство за духовна борба на оние кои постигнале поголем опит во духовниот живот. Искусниот светогорски монах ги анализира страстите и добродетелите со сите нивни карактеристики и во сите нивни пројави, како и функционирањето на духовните закони во…
-
Задгробни тајни
Објавено на:
Книгата која овде Ви ја претставуваме ќе одговори на Вашите прашања кои честопати си ги поставувате. Прочитајте ја и научете од неа преку различни примери од животот, како и според опитот на светите отци, за тоа, дали постои Рај? Дали постои пекол? Дали има живот после упокојувањето и каков е тој живот? Што можеме да…
-
Молитвата пат кон Бога
Објавено на:
Што е молитвата и кои се нејзините плодови? Зошто, како и кога да се молиме? На сите овие прашања дава одговор опитниот молитвеник – свети Игнатиј Брјанчанинов во оваа мала но корисна книга. Топло ја препорачуваме на сите љубители на молитвата и аскетската светоотечка литература. Книгата е превод на Неговото високопреосвештенство, Митрополитот г. Тимотеј. Формат:…
-
Размислување за Божествената Литургија
Објавено на:
Светото богослужение со право може да се нарече средиште на севкупниот живот на православниот христијанин. Токму оваа книга на големиот руски поет, романсиер и драматург Николај Васиљевич Гогољ ги презентира поредокот, содржината и смислата на божествената литургија. Читајќи ги толкувањата на литургијата на светите отци, Гогољ прави едно сопствено размислување и толкување, едноставно и прифатливо…
-
Соновите и сонувањата според учењето на светите отци
Објавено на:
Што е сонот и од каде доаѓа? Какви видови на соништа постојат и дали треба да им се верува? Оваа мала книга концизно и разбирливо го изложува православното гледиште на сонот и сонувањето. Притоа го советува православниот верник за тоа каков треба да биде неговиот однос кон соништата за да ги избегне опасностите од несакани…
-
Господовата молитва
Објавено на:
Во оваа книга свети Теофан Затворник ги издвојува светоотечките размислувања поврзани со Господовата молитва „Оче наш“ и прави одличен колаж, преку кој читателот има можност да се запознае со длабочината на секој збор од молитвата на која нè научи Самиот Христос и која е клуч за Божјото царство. Книгата е превод на свештеник Димче Азески.…
-
Живот под духовно раководство
Објавено на:
Оваа книга на опитниот духовник и светител – Теофан Затворник одлично го објаснува односот на духовникот со духовното чедо и принципот на духовно раководење кој постои во православната Црква. Преку неа ќе добиеме одговор на прашањата: Зошто имаме потреба од духовен раководител? Како да го пронајдеме нашиот духовен раководител? Со што тој може да ни…
-
Жива молитва
Објавено на:
Книгата „Жива молитва“ е духовно четиво кое дава вистинско духовно исполнување. Преку оваа книга читателот може практично да навлезе во средбата со Бога и да ја искуси молитвата која е вистински разговор со Бога. Книгата изобилува со практични насочувања и примери. Меѓу другото на крајот од оваа втора книга од митрополитот Антониј Блум преведена на…
-
Патот на животот
Објавено на:
Секој човек во животот оди по одреден пат. Како христијани се трудиме да одиме по патот Христов, но често пати знаеме и да скршнеме од правиот пат. „Патот на животот“ е книга која ќе нè упатува во вистинската насока на животот. Во неа ќе ги најдеме гревовите кои често ги правиме, а ги сметаме за…


