Главен Уредник

  • Канон и Акатист на Пресвета Богородица

    Оваа богослужбена книга го содржи последованието на повечерието со канон и акатист на Пресвета Богородица кое се служи во петоците од Великиот пост. Но, покрај богослужбениот карактер оваа книга може да се користи и како молитвеник во домовите на христијаните кои преку прекрасните молитви на канонот и акатистот можат молитвено да општат со Богомајката. Формат:…

    Канон и Акатист на Пресвета Богородица

  • Краток православен молитвеник

    Краткиот молитвеник е скратена верзија на стандардниот молитвеник, односно џебно издание кое православниот верник може постојано да го носи со себе. Во него се поместени дел од утринските и вечерните молитви, како и тропарите на поголемите празници. Преку ова издание верникот има можност да слови со Бога на секое место и во секое време. Формат:…

    Краток православен молитвеник

  • Православен молитвеник

    Преку ова издание на Дебарско-кичевската епархија на православните верници им се нудат прекрасни молитвени творби на истакнати молитвеници со кои верниците може да се молат во своите домови. Покрај утрените, вечерните и молитвите во текот на денот, во молитвеникот се поместени и молитви за разни потреби, молитви кои се читаат при духовна борба и кога…

    Православен молитвеник

  • Чин на осветување на храм

    Ова богослужбено издание го содржи чинот на осветување на храм и има наменска примена. Претставува единствено издание од овој тип кај нас. Многубројните новоизградени храмови и нивното осветување ја поттикнаа потребата од публикација на едно вакво практично издание. Формат: тврда корица Број на страни: 120 Цена:

    Чин на осветување на храм

  • Мал типик

    Овој мал но практичен типик составен од прот. ст. Ефтим Бетински е џебно издание во кое се сублимирани основните одредби за поредокот во црковното богослужение. Претставува одличен прирачник и учебник за почетници во богослужбениот живот, но и потсетник за оние кои активно учествуваат во богослужбата. Формат: мека корица Број на страни: 130 Цена: 150 ден.

    Мал типик

  • Требник

    Требникот е богослужбена книга во која се поместени последованијата на светите тајни (освен ракополагањето) и на другите свештенодејствија наречени „треби“ кои не влегуваат во редовниот богослужбен круг, туку се извршуваат по потреба, како на пример: причестување на болни во домот, молебни, водосвети, погребенија, панихиди, осветување на дом, молитви за разни потреби и сл. Овој „Требник“…

    Требник

  • Служебник

    Оваа мала, но многу практична богослужбена книга е наменета за свештенослужителите, а особено е практична поради малите димензии. Во неа се поместени последованијата на Вечерната и Утрената богослужба, како и на Литургијата на свети Јован Златоуст. На крај како практичен додаток се поместени Благодарствените молитви, молитвите за облекување на архиерејска литургија, возгласите од пасхалната утрена…

    Служебник

  • Служебник

    Двојазичното издание на богослужбена книга ќе им помогне на свештениците непречено да богослужат на разбирлив литературен јазик, а секако по желба да се потсетуваат и на длабокиот со значење и смисла црковнословенски јазик. И оваа книга е дел од едицијата на двојазични богослужбени книги – изданија на ДКЕ. Формат: тврда корица Цена:


  • Каноник

    Двојазично издание на богослужбена книга со црковни песни на црковнословенски и современ македонски јазик во препев на Архимандрит Нектариј. Оваа книга е голем прилог во примената на современиот македонски јазик во утрената богослужба. Преку овие преводи и двојазично издадени богослужбени книги се овозможува младите генерации кои недоволно го разбираат црковнословенскиот јазик да можат да учествуваат…


  • Осмогласник (Воскресник)

    Зборник со воскресните-неделни песнопенија на осумте гласови, препеани на современ македонски јазик и стручно уредени од Архимандрит Нектариј Најдоски, игумен на манастирот Свети Наум Охридски. Важно е да се спомене дека овој препев е со нагласена слоговна ритмика и поетски стил, што е неопходно за да се запазат црковните мелодии со сите нивни особености, варијации…