Главен Уредник

  • Поука од Свети Андреј Критски

    Нека се радува сега сета твар, нека слави природата: ,,Росете, небеса, одозгора, и облавите нека изливаат правда” (Иса. 45, 8), ,,и горите ќе пуштат гроздов сок” (Амос 9, 13); ,,воскликнете од радост гори, зашто Господ го утеши Својот народ” (Иса. 49, 13); и нека подигне ,,рог за нашет оспасение, во домот на Давид, Својот слуга”…


  • Поука од Преподобен Алексеј Мечев

    Бидете светлина и топлина за другите; трудете се прво да го загреете земејството, трудете се во тоа, за да завладее тој труд со вашиот круг на семејство, и таа топлина со текот на времето ќе зафати нови и нови луѓе, а кругот, осветлен од вас, постепено ќе расте и ќе расте; трудете се така да…


  • Поука од Свети Анатолиј Оптински

    Како може некој да му се потсмева на еден свештеник? Па што ако служи лошо? Тој сè уште има благодат. Тој е ракоположен. Човек не смее, не смее да се потсмева!


  • Поука од Свети Силуан Атонски

    Душата што го познала Бог повеќе ништо не посакува во целост, ниту се приврзува кон нешто земно; дури и кога пред неа би ставиле царство, таа нема да го посака, зашто љубовта Божја ѝ дава таква сладост и радост на душата што дури ни животот на еден цар не би можел да ѝ понуди каква…


  • Поука од Свети Антониј Велики

    Нашиот живот и нашата смрт се со нашиот ближен. Ако го придобиеме нашиот брат, сме Го придобиле Бог, но ако сме го нажалиле нашиот брат, сме згрешиле против Бог.


  • Поука од Митрополит Антониј Блум

    Сè додека не ја видиме убавината што е во оваа личност, ништо не може да придонесеме за неа. Не му помагаме на човек со тоа што правиме разлика меѓу она што е погрешно, што е грдо, што е изобличено. Христос гледал на секого што ќе го сретнел, на блудницата, на разбоникот, и ја видел убавината…


  • Поука од Свети Марко Монахот

    Сè додека човек потполно не му се предаде на крстот, во дух на смирение и самопонижување, сè додека не се понизи да биде изгазен и презрен од сите, примајќи неправда и исмевање, сè додека не ги помине сите овие работи со радост заради Господ, без да бара каква било човечка награда – слава или чест…


  • Поука од Преподобен Викентиј Лерински

    Ако некој посака да се заштити од заблуди и да остане во здравата вера, како прво, должен е да ја огради својата вера со авторитетот на Светото Писмо, а како второ, со Преданието на Црквата. Но можеби некој ќе праша: канонот на Писмата е совршен и доволен за сè, зошто кон него да го присоединуваме…


  • Поука од Свети Филотеј Синајски

    Преку помислите духовите на злобата водат тајна војна против нашата душа. Бидејќи душата е невидлива, овие злобни сили природно ја напаѓаат невидливо. И двете страни ги подготвуваат своите оружја, ги собираат своите сили, разработуваат стратегии, се судираат во стравотна битка, победуваат и биваат поразени. Но на оваа умна војна ѝ недостасува едно својство на видливата…


  • Поука од Свети Серафим Саровски

    Ниту ѕидовите, ниту раскошниот мебел не го прават домот дом. Богатите во величествените вили може никогаш да не знаат за дом. Но таму каде што се добрите односи, каде што љубовта го држи семејството заедно и кон Бог, таму секогаш ќе има среќа. Зашто добрите односи се насекаде небо.