Исто како што луѓето не одат во војна за да се насладуваат со неа, туку за да се спасат од истата, така и ние доаѓаме во овој свет не за да се насладуваме со него, туку да се спасиме од него. Луѓето одат во војна поради нешто поголемо од војната; така и ние доаѓаме во овој времен живот поради нешто поголемо од него – поради живот вечен. И како што војниците со радост мислат за враќањето дома, така и христијаните постојано го помнат крајот на својот живот и враќањето во својата Небесна Татковина.
Поука од Свети Николај Жички
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
-
Одбележан десетгодишниот спомен од упокојувањето на игуманија Агнија во манастирот „Пречиста“ во Кичево
,,Со светиите упокоја ја, Христе, душата на Твојата рабина кај што нема болка, ни тага, ни воздишка – но живот бесконечен.“1 На 14 ноември 2026 година, на споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, по повод десетгодишниот спомен од упокојувањето на блаженоупокоената игуманија Агнија, беше…
-
Известување по повод чествувањето на светите бесребреници Козма и Дамјан и 10-годишниот спомен од упокојувањето на игуманија Агнија
Почитувани верници, На 14 ноември, Светата Православна Црква го празнува споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан. Оваа година, воедно, се навршуваат и десет години од упокојувањето на игуманија Агнија. По тој повод, во сабота, во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево ќе биде отслужена света заупокоена архиерејска Литургија, на која ќе…
-
Осветување на камен-темелник на новата фабрика на „АСП-ПАК“
Денес, на 9 ноември 2026 година, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, изврши осветување на камен-темелникот на новата фабрика на компанијата „АСП-ПАК“ во Охрид. На свечениот настан присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија, г. Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, г. Александар Николоски, како и градоначалникот на Општина Охрид, г. Кирил…
-
Средба на Митрополитот Георгиј со градоначалникот на Општина Вевчани
На 02.11.2026 година, во просториите на Дебарско-кичевската митрополија, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, оствари средба со градоначалникот на Општина Вевчани, г. Спасе Кочовски. На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Дебарско-кичевската епархија и Општина Вевчани, како и за можностите за нејзино унапредување, особено во насока на зачувувањето и афирмацијата на духовното, културното и…
-
Дваесет и втора недела по Педесетница и 20-годишен јубилеј од епископската служба на Митрополитот Иларион
,,Господи, мртов си се нарекол Ти, Кој смртта си ја умртвил; во гроб си се положил Ти, Којшто гробовите си ги испразнил; горе, гробот го чуваа војници, а долу, си ги воскреснал умрените со векови. Сесилен и недостижен Господи, слава Ти.”1 На 01.11.2026 година, во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот…





