Издаваштво

  • Еклисиолошки теми

    Оваа книга на Пергамскиот митрополит Јован Зизиулас дава одговор на прашањата: Што е Црквата? Каков е нејзиниот идентитет и во што се состои нејзината особеност? При тоа авторот не заборава да ја нагласи разликата помеѓу православната и западната еклисиологија, која во многу нешта заприлегала на социологијата. Книгата е во превод на прот. Игор Никовски. Формат:…

    Еклисиолошки теми

  • Божествена Литургија

    Преку оваа книга големиот руски светител Јован Кронштатски дава кратко, но практично толкување на божествената литургија и на нејзините елементи. Книгата е превод на прот. Митре Попоски. Формат: мека корица Цена:


  • Покајанието – пат кон вечниот живот

    Што е покајанието и зошто ни е потребно? Што е грев и кои се основните гревови кои човекот ги прави, многупати и без да е свесен за тоа? Зошто е неопходна исповедта и како да се подготвиме за неа. Одговорите на овие прашања се кријат во оваа книга на архимандритот Лазар Витиниски, кој не заборавил…

    Покајанието – пат кон вечниот живот

  • Светата Литургија – откровение на новата твар

    Единството во православната Црква не се доживува како обичен административен поредок и човечко достигнување, туку како благодат и полнота на новиот живот, кој ги обновува луѓето, а центар на тоа единство е светата литургија. Оваа книга на архимандритот Василиј Гондикакис нè запознава токму со елементите на литургиското доживување на тајната на единството во православната Црква.…

    Светата Литургија – откровение на новата твар

  • За постот

    Оваа книга го изложува православниот поглед на подвигот на постот, како преку беседите на светите отци, така и преку ставовите на современите богослови. Книгата претставува вистински сублимат на целокупниот православен опит поврзан со постот, кој не е целта, туку е значајно помагало во духовниот живот. Книгата е во превод на ѓаконот Димче Азески. Формат: мека…

    За постот

  • Свети минути

    Неделните и празничните проповеди на свештеноикономот Георгиј Стајков кои се поместени во оваа книга се вистинска храна за душите на православните верници, кои преку нив можат да научат нешто повеќе за црковните празници, како и за значењето на евангелските извадоци кои се читаат на неделните и празничните богослужби. Книгата секако претставува и добар прирачник за…


  • Крштение Господово

    Ова издание на Московската Патријаршија е преведено од руски јазик од проф. д-р Јован Белчовски и претставува збир од текстови на светите отци, но и на современи богослови поврзани со светата тајна Крштение, но и со крштението Господово, како прототип на оваа света тајна. Формат: мека корица Број на страни: 88 Цена: 150 ден.

    Крштение Господово

  • Света Тајна Крштение

    Преку оваа книга современиот теолог проф. о. Александар Шмеман нè запознава со подготовката за светата тајна Крштение, како и за значењето на сите елементи од чинот на крштението и симболиката и суштината на сите пропратни елементи. Книгата е превод на ѓаконот проф. д-р Дејан Борисов. Формат: мека корица Цена:

    Света Тајна Крштение

  • Необјавен дневник

    Во првиот дел од оваа книга се поместени сеќавањата на епископот Арсениј на големиот светител кој живеел пред едно столетие – свети Јован Кронштатски, а во вториот дел читателот има можност да погледне во дневникот на овој богопросветлен свештеник и да дознае нешто повеќе за неговиот внатрешен живот и неговите духовни размислувања. Книгата е превод…

    Необјавен дневник

  • Писмата на Валаамскиот старец

    Овој зборник од писмата на еден старец од Варлаамскиот манастир во Русија му го нуди на читателот искуството на еден современ духовник, кој стапил во монаштво во својата шеснаесетта година. Писмата се упатени до различни богобаратели, монаси и лаици, пред кои опитниот старец ја излева својата татковска љубов и поука. Книгата е превод од руски…

    Писмата на Валаамскиот старец