Издаваштво

  • Учење според Христа

    Текстовите на прот. ст. Спасе Стефановски кои се поместени во оваа книга се објавувани во Австралиско Македонскиот Неделник кој излегува во Мелбурн, Австралија. Зборникот претставува своевиден катехизис и збир од корисни четива за секој верник. Покрај основните постулати на верата, авторот особено се задржува на значењето на поголените празници на православната Цкрва. Формат: мека корица…


  • Патот до вечниот живот

    Оваа книга на почитуваниот прот. ст. Спасе Стефановски е вистинско четиво за почетници, кои од оваа палета на информации за основните вистини на православната вера можат да научат многу нешта за раѓањето на Црквата, мачеништвото, вселенските собори, светите тајни, празниците и житијата на најпочитуваните светители, како и за основните поими и конституции на Црквата. Формат:…

    Патот до вечниот живот

  • Охридски Пролог

    Ова капитално дело на епископот Николај Охридски е секојдневен синаксар за дванаесетте месеци од годината. Покрај житијата на светителите, оваа книга содржи и кратко созерцание, како и поучна беседа за секој ден од годината. Топло го препорачуваме како секојдневна духовна храна за секој православен верник. Формат: тврда корица Број на страни: 1270 Цена: 2.500 ден.

    Охридски Пролог

  • Крнински посланија

    Овој зборник е плод на научен симозиум насловен како „Крнински посланија“. Во него се изложени седум научни трудови на реномирани македонски научници кои третираат теми поврзани со Крнинскиот манастир во Кичево, но и воопшто со улогата на Црквата во просветата на Македонскиот народ. Формат: мека корица Број на страни: 138 Цена: 150 ден.

    Крнински посланија

  • Молитвени кринови

    Оваа книга претставува зборник од есеи од областа на литургиското богословие кои се плод на неколкугодишна работа на еромонахот Кипријан Керн во Белградскиот литургиски кружок „Преподобен Серафим Саровски“ и наставата во Битолската богословија „Свети Јован Богослов“. Во превод од српски јазик ја имаме благодарение на прот. Игор Никовски. Формат: мека корица Број на страни: 304…

    Молитвени кринови

  • Невидлива борба

    Оваа книга на свети Никодим Светогорец напишана по урнек на истоимената книга на италијанскиот теолог Лоренцо Скуполи претставува упатство за духовна борба на оние кои постигнале поголем опит во духовниот живот. Искусниот светогорски монах ги анализира страстите и добродетелите со сите нивни карактеристики и во сите нивни пројави, како и функционирањето на духовните закони во…


  • Задгробни тајни

    Книгата која овде Ви ја претставуваме ќе одговори на Вашите прашања кои честопати си ги поставувате. Прочитајте ја и научете од неа преку различни примери од животот, како и според опитот на светите отци, за тоа, дали постои Рај? Дали постои пекол? Дали има живот после упокојувањето и каков е тој живот? Што можеме да…


  • Молитвата пат кон Бога

    Што е молитвата и кои се нејзините плодови? Зошто, како и кога да се молиме? На сите овие прашања дава одговор опитниот молитвеник – свети Игнатиј Брјанчанинов во оваа мала но корисна книга. Топло ја препорачуваме на сите љубители на молитвата и аскетската светоотечка литература. Книгата е превод на Неговото високопреосвештенство, Митрополитот г. Тимотеј. Формат:…


  • Размислување за Божествената Литургија

    Светото богослужение со право може да се нарече средиште на севкупниот живот на православниот христијанин. Токму оваа книга на големиот руски поет, романсиер и драматург Николај Васиљевич Гогољ ги презентира поредокот, содржината и смислата на божествената литургија. Читајќи ги толкувањата на литургијата на светите отци, Гогољ прави едно сопствено размислување и толкување, едноставно и прифатливо…

    Размислување за Божествената Литургија

  • Соновите и сонувањата според учењето на светите отци

    Што е сонот и од каде доаѓа? Какви видови на соништа постојат и дали треба да им се верува? Оваа мала книга концизно и разбирливо го изложува православното гледиште на сонот и сонувањето. Притоа го советува православниот верник за тоа каков треба да биде неговиот однос кон соништата за да ги избегне опасностите од несакани…