Архимандрит Лазар Витаниски
Гревот е нарушување на христијанскиот духовен закон, тоа е непослушност на Словото Божјо од страна на верникот. Поимот грев е религиски поим и него го сфаќаат само оние што го прифаќаат христијанскиот закон и што ја исповедаат верата во Бога и кои заради тоа се наоѓаат во ,,црковната ограда”. Оној, пак, што е надвор од Црквата, воопшто не е способен да ја сфати својата гревовност, ниту да го види сиот свој пад и да се ужасни заради длабочината на својата заразеност со смртната болест на гревот, како ниту да ја почувствува својата оддалеченост од Бога и од Вистината.
Заради тоа, прво треба да се покаеме за гревовите против Бога и Неговата Црква. Такви гревови има многу, тие се поврзани во една нераскинлива мрежа на разни духовни состојби, како едноставни и очигледни, така и скриени, на прв поглед беззначајни, а всушност исклучително опасни по душата, како на пример: маловерие, суеверие, богохулење и заколнување во Бога, немилоственост, негрижа кон црковната служба, прелест.
Извор: Витаниски, Лазар: ,,Покајанието – пат кон вечниот живот”, Канео, Охрид, 2007, стр. 22






