„Света Богородица Панданос“

Местоположба и историски податоци

Црквата „Св. Богородица Панданос“ се наоѓа во стариот дел од Охрид, над Амфитеатарот, на улицата „Кузман Капидан“. Именувањето го добива од грчкиот назив Панданаса, што значи Сецарица. Таа е изградена врз темелите на постара средновековна црква, чии остатоци се наоѓаат под улицата.

Архитектонска поставеност и изглед

Црквата претставува мала еднокорабна градба на која нема апсида од надворешната источна страна и е покриена со керамиди на две страни. Изградена е од камен и во неа се влегува само од западната страна. Во внатрешноста на црквата нема фрески, ниту иконостас. Единствено на источниот ѕид во полукружна ниша се наоѓа фреска на Пресвета Богородица. На ѕидовите се наредени повеќе репродукции на икони. Во црковниот двор има метална конструкција на која е поставена една камбана. Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата на Р. Македонија, за оваа црква има евидентирано 10 икони.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК