„Света Варвара“

Местоположба и општи податоци

Црквата посветена на „Св. вмч-ца Варвара“ се наоѓа во стариот дел од Охрид наречен Варош, на улицата Илинденска од десната страна кога се оди кон црквата „Света Софија“. Всушност црквата се наоѓа веднаш до влезот во Античкиот театар. Изградена е во 1965 год.

Архитектонска поставеност и градба

Таа претставува мала еднокорабна градба со полукружна апсида од источната страна. Изградена е од камен, печена тула и бигор, и покриена е со керамиди на две страни. Влезот во црквата е од источната страна преку влезот во затворениот трем кој се наоѓа од јужната страна на црквата, а во црквата се влегува од јужната страна. Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата на Р. Македонија, за оваа црква има евидентирано 7 икони.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК