„Свети Никола Чудотворец“

Местоположба и историски податоци

Црквата „Св. Никола Чудотворец“ се наоѓа во близината на црквата „Св. Богородица Челница“. Изградена е врз темелите на постара црква и била обновувана повеќе пати во текот на вековите. Таа претставува еднокорабна црква, која е ѕидана од камен и е со еден влез од западната страна. Покриена е со керамиди на две страни, и од источната страна има полукружна апсида. Поради скалестото земјиште на кое е изградена црквата, таа од северната и од источната страна се наоѓа до половина во земја.

Архитектонска поставеност и надворешен изглед

Од западниот ѕид е дограден продолжен нартекс, во кој се влегува симнувајќи се по неколку камени скали од северната страна. На западната врата од надворешната страна во полукружна ниша е насликан патронот на црквата – св. Никола и околу него се сочувани фрески од истиот период.

Фрескоживопис и иконостас

Во внатрешноста се сочувани фрески од XIII и XIV век, меѓутоа веројатно црквата во минатото претрпела пожар, бидејќи најстарите фрески се бледи и ја изгубиле својата колоритност. Најстарите фрески се сочувани во апсидата и на источниот ѕид. Во црквата е поставен едноставен иконостас на кој има 3 престолни икони, и царски и северни двери, кои се насликани во целата должина. Над престолните икони има 13 помали. Иконите се насликани во првата половина на XX век.

Споделете
НАЈНОВИ ОБЈАВИ
КАЛЕНДАР


ЛИТЕРАТУРА


БОГОСЛУЖБИ


ЛИТУРГИЈА.МК