На ден 20.04.2011 година, во храмот „Св. Богородица – Перивлепта“ во Охрид, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј   остварија средба со г. Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Руската Федерација, кој беше придружуван од министерот за надворешни работи на Република Македонија, г. Антонио Милошоски. Нашите архиереи го запознаа г. Лавров со богатството и кратката историја на овој наш исклучително прекрасен храм, а Архиепископот г.г. Стефан му подари на Рускиот министер и две прекрасни книги: „Фрескоживописот на Охридските Архиепископи“ од академик Цветан Грозданов и една монографија за градот Охрид. На заминување г. Лавров изрази благодарност за гостопримството и срдечниот прием.

spy offers | Altra Timp 3 Review , Best Trail Running Shoes 2021

Повеќе...

Влегувајќи во последната седмица од Великиот пост, наречена уште Страсна седмица или седмица на страданијата Христови, се приближивме кон вратата која ни го дава предвкусот на Царството Небесно – Пасхата (Воскресението) Христова. Токму овој зрак светлина, кој низ целиот пост ни светлеше ја прави великопосната тага – радосна. Но, особено во овие последни дни од овој пост, потребни се засилени молитви и засилено учество во молитвите кои светите оци ни ги пропишале, а особено на светите Литургии. Водејќи се според типикот (богослужбеното правило) и во нашата света епархија деноноќно се вршат богослужби, и тоа во првите три дена од страсната седмица сите заедно собрани во храмот „Св. Богородица – Каменско“, а во наредните денови во сите храмови.

Sportswear free shipping | nike air barkley posite 76ers shoes for women Maximum Volume DJ4633-010 Release Date - SBD

Повеќе...

Шестата и последна недела од Великиот пост се нарекува Цветна недела (Цветници), а во овој ден го прославуваме свеченото влегување на нашиот Спасител Господ Исус Христос во Ерусалим. Откако го воскресна четиридневниот Лазар во Витанија, Христос тргнува кон Ерусалим за да пострада и да ги земе врз Себе гревовите човечки, качен на младо осле, исполнувајќи ги зборовите на пророкот: „Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој доаѓа при тебе, праведен и со спасувачка сила, кроток, седнат на осле, рожба на ослицата.“ (Зах. 9,9).

На 17.04.2011 година, денот на овогодишното празнување на овој голем и торжествен празник, во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, игумен Јосиф, свештениците Ристо Камбуроски и Игор никовски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Пред започнувањето на Литургијата, според обичајот на светата православна Црква,беа осветени врбовите гранчиња, а нашиот Митрополит им ги подели на верниците. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, кој во голем број пристапи кон светиот Путир. На крајот, Митрополитот Тимотеј му се обрати на верното стадо со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

           

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Денеска нашата света Црква, а заедно со неа и ние го прославуваме свеченото влегување на Нашиот Спасител Господ Исус Христос во Ерусалим. Тоа е најголемата свеченост што Израилскиот народ му го приредил на Христа. Господ Исус Христос исполнувајќи го пророштвото за Него како Цар кроток и праведен после чудесното воскреснување на Лазар пред шест дена од неговата смрт се јавува на Јудеите и многу јасно им покажува дека Он е Месија и Цар Кого тие го очекуваат.

Тој влегува во Ерусалим во престолнината на Израелското царство во свештен град, седнат на мало осле и придружуван од мноштво народ. Сите се соединиле за да го дочекаат и тоа се претворило во најторжествено влегување. Маса на луѓе го следела Исуса Христа од Витанија до Ерусалим. Едни ги постилале своите облеки по патот каде што требало да помине, други ги развејувале нивните зелени палмови гранчиња, а некои ги фрлале по патот каде поминувал Спасителот. Сликата била извонредно торжествена и трогателна. Тоа бил еден од најрадосните настани во земниот живот на нашиот Спасител. Оние што го дочекувале Исуса Христа го поздравувале со торжествен глас и восклик: „Осана на Синот Давидов! Да е благословен Оној кој доаѓа во Името Господово! Мир на небото и слава во висините“ (Мт. 21, 9; Лк. 19, 39).

Така свечено и радосно Израилскиот народ го пресретнал Месијата, кого единствено и го очекувале. Имало и зошто да се радува Израилскиот народ. Тој не бил невообичаен земски цар кој со сила на оружјето ги покорува народите. Но, Он бил Тој Цар за Кого уште во Стариот Завет пророкувал пророкот Захариј: „Ликувај од радост, ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој доаѓа при тебе, праведен и со спасувачка сила, кроток, седнат на осле, рожба на ослицата“ (Зах. 9, 9).

Влегува во Ерусалим праведен Цар и не само зашто во Него е секоја правда, туку и зашто носи со Себе вечна правда за севкупниот човечки род. Исто така, носи со Него оправдување и ослободување од гревот. Влегол кроток Цар, но не само лично самиот кроток, туку доаѓа да ги научи другите луѓе да бидат кротки. Тој воспоставува за луѓето царство во светот и ги привлекува кон себе луѓето со смирение и љубов. Во Ерусалим влегува Цар кој спасува - Спасител на светот, Кој доаѓа да ги избави луѓето од тешките казни заради гревовите и да ги ослободи од царството на злото, кое владее во светот.

Тоа било причина за таквата радосна средба која му приредиле на Господа Израилските луѓе при Неговото влегување во Ерусалим. Оваа голема радост на Израилскиот народ ќе ни биде уште појасна ако си спомнеме за условите во кои се наоѓале тогашните Јудејци. Уште пред раѓањето на Господа Исуса Христа Израилскиот народ бил под Римско ропство управувано од жестокиот и несправедлив цар Ирод. Слични на Ирода биле и намесниците римски. Морално религиозната состојба на народот била мошне жалосна. Религиозните водачи на Јудеите се одликувале со порочен живот, со неверување, користољубие и секакви неморални дела. Па затоа, природно било Јудеите да го очекуваат Спасителот - Царот кој ќе ги избави од тие понижувања и од тоа беззаконие. И кога помеѓу нив се појави Царот не е ништо чудно што истиот тој народ го пречекал со таква радост, со пеење и ликување.

Оваа радосна средба на Господа и ние сите заедно ја прославуваме секоја година. Но, ова прославување не треба да има за нас само потсетување на еден историски настан. Тоа треба да има за нас суштествено значење кое значи спасение за нашите души. Спасителот на светот не е само Цар на Израилскиот народ, туку на сите луѓе. Кроток и смирен, Он постојано доаѓа кај сите нас и постојано чука на портите од нашите срца и ние сме должни секогаш и со радост да Го пресретнеме Нашиот Спасител Господ Исус Христос.

Ако сакаме да го разбереме Еврејскиот народ кога го дочекувале Господа Исуса Христа, мора да навлеземе и во нивното верување и нивниот менталитет. Фрлањето, односно соблекувањето на облеката и постелувањето на патот каде требало да помине Оној што го дочекуваат, значи дека тие ја полагаат сета своја душа, сета своја љубов, почит, уважување, покорност и стоење пред таа личност. Тоа значи дека биле подготвени да се откажат од самите себе и да ја посветат својата душа и тело на израилскиот Цар, Кого тие Го пресретнуваат. Така и ние сме должни да го пресретнеме нашиот Господ Исус Христос. Ние да ја пројавиме нашата љубов кон Него и со радост да Го поздравиме откако ќе ги отфрлиме од нас нашата гревовна облека заразена со пороци и гревови и да се облечеме со чиста облека со невиност и правда. Да се откажеме од лошата волја и да се облечеме во нов човек и сецело да се предадеме на Господа. Тогаш нашата средба со Христа ќе биде од полза и пријатна на Нашиот Спасител Господ Исус Христос.

На крај Израилските луѓе го поздравуваат со восклик: „Осана на Синот Давидов! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово! Осана во висините“ (Мт. 21, 9). Со овие зборови Израилскиот народ сакал да ги искаже своите радосни чувства пред Господа. Така и ние сме должни да го прославуваме Господа. Со усти словесно, а со нашиот живот смирено и молитвено, та со целото битие да го прославуваме Господа Исуса Христа. Како што небото сака да го прославува, но нема уста, но со својата убавина ги запира другите да го слават Творецот, така и секој е должен да Го прославува Господа со своето поведение и добар живот. Ние сме должни да Го прославуваме Господа со нашите усни во секоја духовна песна и молитва за Неговите прекрасни дела и неискажливата Негова љубов и милосрдие кон човечкиот род.

Доколку со ваква подготвеност му служиме на Господа, со сета душа и срце, и со радост и преданост го сретнеме, тогаш Он уште во нашиот земен живот ќе ги исполни нашите срца со духовна радост. А наша обврска и должност е да се трудиме и таа времена радост да ја замениме со вечен живот. Амин!

Митрополит Тимотеј

Цветници
17.04.2011 година, Кичево

cvetnici2011 2

cvetnici2011 4

cvetnici2011 6

cvetnici2011 8

cvetnici2011 10

cvetnici2011 12

cvetnici2011 14

cvetnici2011 16

best Running shoes brand | Nike Air Max 270

Саботата од петтата седмица на Великиот пост е ден во кој се служи Акатистот на Пресветата Богородица, а службата, според типикот и обичајот на православната Црква, се служи во петокот навечер. Онаа која го роди Христа по тело и нè направи причасници на Божествената природа на Логосот, постојано треба да ја молиме да биде наша застапница пред својот Син, а особено во овие посни денови на очистување, но и денови полни со искушенија. Затоа и светата Црква и се моли: „Избави ме од секој грев, од сите душегубни страсти, секакво непријателско зло, за радосно да ти пеам: Моли Го Синот Свој и Бог, Непорочна, прошка на гревовите да им дарува на оние кои со вера прибегнуваат кон Твојот покров“.

Running sport media | Nike

Повеќе...

Христијанската благовест од почетокот била благовест за спасението. За Господ, сведочеле, пред сè, како за Спасител, Кој ги искупил своите луѓе од ропството на гревот и трулежноста. Смислата на спасението, пак, Црквата ја гледа во обновувањето на нарушената заедница на човекот и Бога, а тоа подразбира дека Искупителот истовремено е и Бог и Човек, т.е. Богочовек. Во спротивно, повторно соединување не би било можно, зашто како што вели св. Григориј Богослов: „Спасено е само она што е соединето со Бога“. Токму затоа и празникот на светото Благовештение го доживуваме со особена интимна радост.

Sports News | NIKE HOMME
Повеќе...
Страница 242 од 281

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Мај 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31