Верата е жива претстава за она, на што се надеваме, и докажување на она, што не се гледа. Црквата претставува токму тоа. Жива претстава на небесното Царство во кое непрестајно ги примаме небесните дарови што Бог ни ги испраќа преку молитвите и богослужбите, и во која се храниме со пречистото Тело и чесната Крв на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. А светителите се наши небесни закрилници и застапници пред престолот на севишниот Бог, кои непрестајно бдеат и се молат за нас. Затоа верниот народ, длабоко свесен и благодарен за тоа, постојано гради цркви во кои ќе се слави името на Бога и на неговите светии.

Sneakers Store | Mens Flynit Trainers
Повеќе...

На 28 јули 2009 година, ден кога се празнува споменот за светите маченици Кирик и Јулита, во црквата „Света Богородица-Болничка“ во Охрид се служеше света божествена Литургија. После завршувањето на Литургијата, во дворот на црквата, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј заедно со останатите свештенослужители извршија мал Водосвет и го благословија и прекршија празничниот леб.

spy offers | Mens Flynit Trainers
Повеќе...

На 26 јули 2009 година, Седма недела по Педесетница, во селото Скребатно - Охридско се изврши преосветување на црква посветена на Успението на Пресвета Богородица. Црквата е изградена 1928 година, но бидејќи се наоѓала во руинирана состојба, во поново време после преземените активности за нејзина санација, истата е доизградена и фрескоживописана. Чинот преосветување го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, јереј Кирил Јованоски, јереј Игор Никовски, јеромонах Јосиф и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски. После чинот на преосветување се отслужи света божествена архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополит г. Тимотеј. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме.

bridge media | 【国内4月24日発売予定】ナイキ ウィメンズ エア アクア リフト 全2色 - スニーカーウォーズ

Повеќе...

На 15 јули 2009 година, кога се празнува споменот за Положувањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна, во црквата „Света Богородица-Перивлепта“ во Охрид се отслужи света архиерејска Литургија. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј во сослужение на протојереј Сашо Богданоски, јереј Димче Ѓорѓиески, јереј Игор Никовски, јереј Никола Христоски и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски.

best shoes | Women's Designer Sneakers - Luxury Shopping
Повеќе...

На 14 јули 2009 година, денот кога Црквата го слави споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во истоимената црква во село Пештани, Охридско, се служеше света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме.

 

affiliate link trace | FILA FX-100 White Blue , Where To Buy , undefined , nike lebron 9 ps white house black screen
Повеќе...
Страница 270 од 284

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5