
На 06.11.2008 г. во резиденцијата на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј се одржа работен состанок на Одборот за возобновување на светиклиментовиот Универзитет во Охрид. Во одборот зедоа учество академик Крум Томовски, академик Петар Хр. Илиевски, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, проф. д-р Вера Битракова – Грозданова, Митрополит г. Тимотеј, д-р Лазар Шуманов и г. Паско Кузман, директор на Дирекцијата за заштита на културни споменици од Скопје. Одборот ги разгледа програмските задачи што треба да се гради на археолошкиот локалитет на Плаошник. По опстојно разгледување и сериозни анализи со мали измени и дополнувања беше прифатен и усвоен предлогот на работниот одбор за ревитализација на светиклиментовиот Универзитет на Плаошник. По завршувањето на состанокот, членовите на одборот направија посета на самото место на локалитетот.
jordan Sneakers | Air Jordan 4 University Blue Clothing New Era Bulls Hat